Цената на златото ќе достигне 3.500 долари за унца во следните три месеци?
Објавено во: Економија 04 Август, 2025 19:30
„Сити“ предвидува дека цената на златото ќе достигне 3.500 долари за унца во следните три месеци.
„Сити банка“ ја зголеми прогнозата за цената на златото за следните три месеци од 3.300 на 3.500 долари за унца (31,1 грам), со образложение дека изгледите за економски раст и инфлација во Соединетите Американски Држави се влошени на краток рок.
„Се очекува загриженоста за инфлацијата предизвикана од царините во САД да остане зголемена во втората половина од 2025 година, што, заедно со слабеењето на доларот, ќе придонесе за умерен раст на цената на златото кон нови рекордни вредности“, потврди банката, пренесе Ројтерс.
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини за увоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван. Трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, рече дека овие царини веројатно ќе останат на сила и нема да бидат ублажени како дел од тековните преговори.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




