ЦЕНИ НА ГАСОТ: Во една европска земја ќе плаќаат поскапо од 1 јули
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2024 19:40
Од 1 јули, милиони Французи ќе плаќаат за 11,7 отсто поскапо за гасот. Ова го објави денеска Француската Регулаторна комисија за енергетика (CRE).
Регулаторната комисија за енергетика предупреди дека ова поскапување доаѓа по неколку месеци последователни падови на цените на бензинот и дека цените ќе продолжат да бидат пониски отколку во јануари 2024 година.
Поскапувањето изнесува 13,50 евра за мегават-час, што е последица на поскапувањето на дистрибутивните цени на товар на мрежниот оператор GRDF и фактурирано на добавувачите, пренесува Фигаро.
Потрошувачката на гас во Франција се намалува, така што уделот на трошоците за дистрибуција на гас расте пропорционално и претставува постојано растечка ставка на сметките на француските граѓани. Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 33,1 евро за мегават-час, јавува Танјуг. Во однос на гасот, ЕУ се стреми да не зависи од Русија.
foto freepik.com/fanjianhua
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




