06 Октомври, 2024
0.0515

„ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЗАШТО ЌЕ НЕМА 35 ДО 40 ПРОЦЕНТИ РАБАТ“: Ристески тврди дека ќе има поевтинување

Објавено во: Економија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Досега се утврдени 26 случаи на нефер трговски практики во договори меѓу производителите, добавувачите и трговците поради големите проценти на рабат и до 40 oтсто, кои влијаат на крајната цена на производот, а тоа го плаќаат граѓаните, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Новиот закон за нефер трговски практики, според европска директива, и прв што ќе се применува во земјите од југоисточна Европа, треба да стапи на сила од 28 овој месец. Министерството за економија и труд законот го објаснува меѓу стопанствениците. Во пресрет на Законот, се подготвуваат новите договори меѓу производителите, добавувачите и трговците кои се по препорака на Европа. Утврдените 26 договори со нефер трговски практики ќе бидат исклучени.

-Тие утврдени 26 договори со нефер трговски практики ќе бидат исклучени. Голем дел од договорите и членовите во договорите ќе бидат по препорака на Европа. Новите договори треба да бидат готови до 28 септември и потоа, во октомври и во ноември очекуваме да имаме резултат кај цените на производите, бидејќи, нас, како Влада и како министерство за економија, секогаш таргет и приоритет ни се граѓаните, изјави Ристески.

Се очекува и намалување на цените зашто ќе ги нема тие 35 до 40 проценти рабат, а со Законот на годишно ниво ќе биде сведено на 10 проценти.

- Во досегашните договори меѓу производителите, добавувачите и трговците, има екстремно високи проценти на договарање и рабат – дури и до 35 и 40 насто и сето тоа крајно ги оптоварува производот и крајниот потрошувач, граѓаните. На ваков начин од дел трговци, производителите, некако се и уценувани. А поради тоа производителите мораа да ги зголемат цените за да имаат исплатливост, вели Ристески.

Според одредбите од новиот закон за нефер трговски практики, може во одредени периоди во годината да има поголем рабат од 10 проценти, поради акции, но тој процент нема да се надминува на годишно ниво.

- Овој закон мислам дека ќе биде од голема важност и е прв закон во југоисточна Европа, со кој ќе бидат регулирани овие односи и мислиме дека крајниот ефект на реализацијата и имплементацијата ќе се одрази и на цената на производите, а најголем бенефит, секако, ќе имаат и крајните потрошувачи. Листата на земјоделски, прехранбени производи е составена од околу 2 540 производи. Овој закон е донесен во консултација со работодавците, со стопанските комори, со Здружението за земјоделски и прехранбени производи и, секако, во консултација со другите релевантни министерства, објаснува за МИА заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Стопанската комора на Македонија го коригираше првичниот став дека не е прифатлив законот и со втор допис до Владата од 3 овој месец, дообјаснува дека неприфаќањето не е став на сите членки, туку дека, особено производителите, го прифаќаат.

Ваков допис очекуваат и во Министерството за економија и труд.

Инаку, на неодамнешната средба  со стопанствениците од прилепската регионална комора, во суштина Законот е прифатлив за нив и очекувата како ќе се имплементира и како ќе се врши надзорот.

-Очекуваме од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како надзорен орган да изготви мислења и насоки до почетокот на имплементацијата на Законот, за да можат и компаниите добавувачи и купувачите да бидат на јасно што ќе се случува со овој закон, имајќи предвид дека глобите за неспроведување се доста високи, вели Никола Мариноски, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп. 

Можеби ќе ве интересира

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?