31 Март, 2025
0.3803

ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ МИНИМАЛНО СЕ НАМАЛУВААТ - еве по која цена ќе се продаваат по полноќ

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2024 13:38

Добивај вести на Viber

Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто.

Еве по која цена ќе се продаваат по полноќ горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 82 денари за литар, 

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари за литар, 

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73 денари за литар, 

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) за 72 денари за литар. 

Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,209 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,467 отсто, кај дизелот за 0,878, а кај екстра лесното масло за 1,614 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 2,412 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,056% отсто. 

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС