19 Декември, 2025
0.0671

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА „ЕКСПЛОДИРАЛЕ“: Некаде становите се трипати поскапи

Објавено во: Економија 24 Мај, 2025 09:47

Добивај вести на Viber

Цените на недвижностите во Европа „експлодираа“.  

Помеѓу 2015 и 2024 година, цените на становите во Европската Унија се зголемија во просек за 53 oтсто, додека во некои земји дури и се зголемија за трипати.

Главните причини за ваквите скокови се повисоките трошоци за изградба, зголемените каматни стапки на станбените кредити, ограничената понуда на станови, како и зголемените купувања на недвижности како инвестиции. Унгарија е предводник во растот на цените, недвижностите таму се до трипати поскапи денес отколку пред десет години. Во Будимпешта, просечната цена на стан се движи од 250.000 до дури 1,5 милиони евра.

Зад Унгарија е Исланд, каде што цените на недвижностите се зголемија за околу 2,5 пати. Во главниот град, Рејкјавик, просечната цена на стан е околу 558.000 евра. Според Банката на Исланд, иако понудата се зголемува, а побарувачката слабее, растот на цените забавува, но цените сепак се зголемени за 8 отсто на годишно ниво во март 2025 година.

Во другите европски земји како што се Литванија, Португалија, Чешка, Бугарија, Естонија и Полска, цените се зголемија повеќе од двојно во просек во последните девет години. Спротивно на тоа, во Финска, цените на недвижностите останаа речиси исти како и пред десет години, иако постојат големи разлики помеѓу руралните области и Хелсинки. 

foto Shutterstock/Andrey_Popov

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?