17 Декември, 2025
0.0431

Цените на становите во Грција веќе нема да паѓаат, 2015-та пресвртна година на пазарот на недвижности?

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2014 08:02

Добивај вести на Viber

Преживеал тешки времиња во последните шест години, грчкиот банкар Теодорос Калантонис , вели дека конечно гледа ревитализација на станбеното кредитирање. Следната година "ќе биде пресвртна точка за грчкиот хипотекарниот пазар", прогнозира Калантонис, кој е извршен генерален менаџер на производи на мало и лоши кредити во Alpha Bank AE. "Луѓето ќе сфатат дека цените нема да паѓаат повеќе, скриеното пребарување ќе продолжи да расте и банките ќе станат активни во промовирање на нови кредити." Охрабрени од извлекување на економијата од рецесија, четирите најголеми банки во Грција планираат да го удвојат хипотекарното кредитирање оваа година и може да го сторат тоа повторно во 2015 година, вели Калантонис. Alpha Bank, четвртата по големина банка во земјата, и конкурентите прогнозираат дека зголемувањето на лошите кредити ќе се стабилизира, откако ќе бидат укинати законодавните ограничување што ги спречува банките принудно да земаат имот. Во 2010 година, откако Грција стана првата земја во еврозоната, која доби пакет за спас, владата ги замрзна принудните одземање на станови. Мерката им помогна на илјадници Грци да го задржат својот дом за време на шестгодишната рецесија која го подигна нивото на невработеност во земјата до 27% до април. Изменетиот закон го заштитува само основниот имот со цена до 200 илјади евра, ако нето годишениот приход на домаќинството на заемопримачот е помал од 35 илјади евра. Исто така должниците треба да подготват најмалку 10% од нето месечен приход за отплата на хипотека. Станбените цени во Атина се зголемени со над 170% од 1997 година до крајот на 2008 година. Рецесијата ги намали цените на становите во Грција со 33,4% меѓу 2008 и четвртиот квартал на 2013 година. Експертите сепак сметаат дека иако е "болно", банките треба да ги одземат имотите со лоши хипотеки и да ги објават на аукции. "Ова ќе доведе до жестоки корекции на цените, но ќе го покаже и патот кон заживување на пазарот", велат тие. Според податоците на централната банка минатата година во земјата се реализирани 47 561 станбени продажби. Ова е значителен пад во однос на регистрираните 215 148 договори за време на шпицот на пазарот во 2005 година. "Ставот на должниците ќе се промени, кога ќе видат дека има светлина во дното на тунелот и ќе станат склони да преговараат", убеден е Калантонис. Според него четирите најголеми банки во Грција имаат за цел да го зголемат станбеното кредитирање до вкупно 500-600 милиони евра оваа година. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни