ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА ЗНАЧИТЕЛНО ПОРАСНАЛЕ - на годишно ниво поскапувањето достигна 16,8 проценти
Објавено во: Економија 06 Јануари, 2023 15:05
Продолжува трендот на пораст на цените на угостителските услуги.
Во декември 2022 година, цените поскапеле за 16,8 отсто во однос на истиот месец 2021 година, објави Државниот завод за статистика.
Поскапување има и на годишно ниво. Податоците покажуваат дека од јануари до декември 2022 година споредено со истиот период во 2021 година цените на угостителските услуги се зголемиле 12,3 проценти.
- Според податоците на ДЗС индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во споредба со ноември 2022 година, е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 процент, Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто и Ноќевања за 0,7 проценти - се наведува во соопштението.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 16,8 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 12,3 отсто, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 10,9 проценти - пишува во соопштението на ДЗС.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




