20 Декември, 2025
0.0550

Централен регистар ја разгледува пријавата за регистрација на бугарскиот клуб „Цар Фердинанд“

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022 14:02

Добивај вести на Viber

Централниот регистар на РСМ потврди дека е поднесена пријава за регистрација на клубот „Цар Фердинанд“ во Богданци, додавајќи дека пријавата е во постапка на разгледување.

„Сител“ објави дека разгледувањето на документацијата за регистрација на овој клуб веројанто ќе биде првата задача која што ќе ја има ад хок советодавното тело кое го формираше министерот за правда, Тупанчевски како преодно решение до донесување на нов закон за регистрација на здруженија за кои детали треба да бидат објавени до крајот на месецот.

Цар Фердинанд бил владетел на Бугарија за време на Првата Светска Војна. претходно се отворија два бугарски клуба со имиња на контроверзни личности од фашистичкото минато - Иван Михајлов и Цар Борис Трети.

На седница на Владата претходно донесена е Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице. Претходно, Владата ја усвои информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, Ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка.

Со новото законско решение треба јасно да бидат уредени условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение но и дали истото има назив на контроверзна историска личност.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки