17 Декември, 2025
0.0496

“Центргаз” ќе го гради српскиот дел од “Јужен поток”

Објавено во: Балкан 11 Јули, 2014 08:41

Добивај вести на Viber

Сестринска фирма на "Газпром" "Центргаз" беше избрана за сеопфатен изведувач на проектот "Јужен поток" на територијата на Србија, соопшти рускиот гигант. Првите количества гас по цевката ќе пристигнат во Србија кон крајот на 2016 година. "Центргаз" ќе се заземе за дизајнот, испораката на опремата и материјалите, градежно-монтажните работи, обука на персоналот и пуштање во работа на објектот. Според условите на потпишаниот договор за реализација на одделни видови Центрагаз ќе соработува со српски компании. Вредноста на потпишаниот договор изнесува околу 2,1 милијарди евра, наведува државната компанија Srbijagas. Тендерот за избор на сеопфатен изведувач на "Јужен поток" во Србија беше отворен во март 2014 година. Во постапката учествуваа четири компании од Русија и Србија, додава "Газпром". Повеќе детали за параметрите на потпишаниот договор сепак не беа дадени. За изградба и експлоатација на гасоводот во Србија ќе одговара заедничката проектна компанија South Stream doo, управувана од "Гаспром" (51% од капиталот) и Srbijagas (49% од капиталот). Компанијата беше регистрирана во 2012 година, кога Србија се приклучи кон проектот. Тогаш беше најавено дека изградбата на "Јужен поток" во земјата ќе доведе до 1,5 милијарди евра директни инвестиции и ќе отвори над 2,2 илјади работни места. Должината на делницата од гасоводот низ српска територија е 422 километри. Предвидени се неколку отстапки, вклучувајќи и ја и  Хрватска. Минатата година Хрватска потпиша план за акција со "Гаспром" за развојот на проектот, но засега нема сознанија за создавање на заедничка проектна компанија. Вчера шефот на гасниот гигант Алексеј Милер пристигна во посета на земјата, каде што ќе разговара со претседателот Иво Јосиповиќ и премиерот Зоран Милановиќ. Освен за гасоводот, Милер ќе разговара и за руското учество во студијата и експлоатацијата на нафта и гас во Хрватска. Земјата објави тендер за истражување и експлоатација на полињата во Јадранското Море, кон кои од "Газпром" пројавуваат интерес. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии