01 Декември, 2023
0.0275

CERMAT – Македонски бренд што годишно произведува над 7 милиони литри сладолед

Објавено во: Економија 25 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Веќе 26 години, CERMAT, македонската семејна приказна што започна во Битола, е приказна што се раскажува на неколку континенти. Почнувајќи како семеен бизнис, денес Cermat e лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот. За илустрација, изминатата година беа произведени над 7 милиони литри сладолед за домашниот и за интернационалниот пазар, а тоа изнесува повеќе од целокупната потрошувачка на национално ниво.

Премиум-квалитет и оригинална рецептура од 1995 година.

Почетоците на Cermat датираат од пред речиси 3 децении, кога е произведен првиот сладолед Cermat според оригинална рецептура. Семејниот, скромен, но истовремено и бизнис со огромен потенцијал започнува во Битола – оттогаш, останатото е историја. Изминатите 26 години, секој производ е произведен со истите љубов, љубопитност и внимание што се потребни за создавање незаборавни вкусови.

Производство според светски стандарди.

Од мала локална компанија, Cermat прерасна во компанија со над 200 вработени, која извезува во 22 европски држави, меѓу кои се и Велика Британија, Швајцарија, Германија, Шведска, Италија, а веќе е започнат и извоз во Африканскиот континент и во Австралија.

„Рецептот за успешен бизнис во голема мера е сличен со рецептот за совршен вкус: постојана посветеност, ентузијазам, инвестирање и имплементирање нови, современи технологии и трендови... Навистина поставуваме стандарди во создавањето производи со врвен квалитет, односно брендови што го наоѓаат вистинското место во срцата на нашите потрошувачи. Приоритетите се јасни, отсекогаш и биле: врвен квалитет и одличен, препознатлив вкус, грижа за нашите вработени и задоволување на барањата и очекувањата на нашите драги потрошувачи“, велат од менаџментот на Cermat.

Портфолио шаренолико како богата семејна трпеза.

Својата вкусна приказна Cermat ја раскажува преку богато портфолио на производи што се навистина неизбежен дел од сечие секојдневие и сечија трпеза. Освен двата најпрепознатливи бренда, сладоледите Metropoli и замрзнатиот зеленчук и овошје Gardenia, Cermat е присутен и со вкусното лиснато тесто Paneti, неодоливите млечни и кондиторски производи Delicia и Carina, како и линијата на замрзната риба Capetano.

Премиум-линијата сладоледи Metropoli, кои секое лето нè водат на незаборавно освежително патување, како и сладоледите во семејно пакување и тортите се направени според уникатен рецепт, кој им е познат само на мајсторите на добриот вкус во Cermat. Производите се пакувани во процес и амбалажа што гарантираат за квалитетот и за свежината.

Поддршка за заедницата, грижа за вработените.

Cermat ја раскажува својата приказна и пошироко, постојано водејќи грижа во текот на годините за своите вработени како движечка сила на целокупното работење, како и за заедницата во која дејствува.

Модерното работење подразбира и инвестиција во вработените и менаџирање на човечкиот капитал. Доказ за ова е постојаниот раст на кадарот, кој во моментов брои над 200 вработени. Компанијата постојано е отворена за нови вработувања, а нуди и можности за професионално усовршување.

Како компанија што постојано се надградува, Cermat е општествено одговорна компанија и постојано дава придонес во општествениот, едукативниот, спортскиот и културниот живот на поединецот, која учествува во голем број хуманитарни настани и спортски активности.

Веќе долги години компанијата Cermat е столб на поддршка за локалната заедница. Особено е фокусирана на поддршка и развој во полето на културата и спортот. Освен континуираните донации, хуманитарните акции и настани, компанијата Cermat е една од клучните поддржувачи на спортот, како што се ракометот, одбојката, женскиот фудбал и планинското трчање.


ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА: Што се случува во Франција?

ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА: Што се случува во Франција?

ДВЕ ПОКРАИНИ СЕ ИЗДВОЈУВААТ: Има мало зголемување на невработеноста во Германија

ДВЕ ПОКРАИНИ СЕ ИЗДВОЈУВААТ: Има мало зголемување на невработеноста во Германија

Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите