20 Април, 2024
0.0358

Чадиковски, ЗНМ: Скандалозна е одлуката на судот против новинарите

Објавено во: Интервјуа 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Ќе ги известиме Европската комисија, Стејт департментот и сите  меѓународни политички фактори, како и Меѓународната федерација на новинари каде ЗНМ е членка за дискриминацијата на новинарите во Македонја. Не може истите судови да судат на еден начин кога се нападнати политичари, а кога се нападнати новинари на друг.

Повторно е одбиена тужба за 27 ми април, овојпат на Горан Трпеноски, како го толкувате овој однос на судството?

Скандалозно, е најблаго речено. Не може за една очигледна неправда која се случи кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност во земјата да се носат вакви одлуки, и уште повеќе ова е трета во низа одлука што ја носи судот, првата за колешките Мрѓа и Стојановска, потоа за колешката Димковиќ, а сега за Трпеноски.  Во сите пресуди има различни основи за одбивање, што само ја покажува тенденцијата на Основниот граѓански суд во Скопје, кој ги следи насоките на државното правобранителство. Тука гледам спрега на судовите и државното правобранителство по секоја цена да ги одбиваат ваквите тужби.

Што ќе преземете?

Ќе ги известиме Евроспката комисија, Стејт департментот и сите  меѓународни политички фактори, како и Меѓународната федерација на новинари каде ЗНМ е членка за дискриминацијата на новинарите во Македонја. Не може истите судови да судат на еден начин кога се нападнати политичари, а кога се нападнати новинари на друг. Тоа покажува дека судската власт се додоворува на политичарите кои беа жртви на 27 април, но воопшто не им е грижа за правдата кога не се политичари во прашање. На овој начин нема правда за сите и нема правна држава.

Тужбата на Трпеновски е одбиена затоа што не бил новинар, односно работел во онлајн медиум, кои не биле регистрирани како медиуми?

Погрешно е нивното толкување. Од мај 2019 година онлајн медиумите имаат ист третман пред судовите како и традиционалните медиуми. Судот со пресуда не го почитува заклучокот на четирите апелациони судови во Република Северна Македонија со кој онлајн медиумите кои како странки се јавуваат пред првостепените граѓански судови, кои при одлучување во постапки за навреда и клевета, мора да имаат ист третман како и традиционалните медиуми од мај 2019 година. Овој заклучок на четирите апелациони судови треба да биде поука дека и во сите други постапки каде новинарите од онлајн медиумите бараат правда пред судовите не смеат да бидат одбиени со објаснување дека не се новинари.

Оваа пресуда остава простор во јавноста да се шпекулира дека има политичка позадина, која треба да ги дискредитира онлајн медиумите и да обезбеди лажно алиби за политичките фактори за да се воведе нивна построга регулација, спротивно на европските стандарди за слобода на интернет.

Што значи вакавата одлука на судот за новинарството?

Ваквите судски пресуди ја загрозуваат слободата на говорот и ја дискредитираат новинарската професија како и улогата на медиумите во едно демократско општество. Создаваат и клима во која може да се верува дека секој што ќе нападне новинар ќе помине неказнето. Тоа ќе се одрази негативно на евроинтегративнте процеси, бидејќи правата на новинарите редовно се следат во извештаите на ЕК, но и во извештаите на Репортери без граници и Фридом хаус. Стравувам дека во наредните извештаи ќе покажеме назадување во слободата на медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“