20 Април, 2024
0.0253

Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто

Објавено во: Стил 20 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Стотици гости присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членовите на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка.

Седиштето мора секогаш да биде празно

Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не ѝ го блокира погледот, а оваа традиција ќе ја продолжи и новиот крал. Капелата на кралот Џорџ VI,  беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред.


Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не ѝ го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19.

Кралот Чарлс ѝ оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.


Фото: Youtube - screenshoot/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган