Часовникот чини 1,3 милиони долари и не се купува само со пари!
Објавено во: Стил 14 Септември, 2013 10:52
Развојот и создавањето на часовникот траело седум години , а само гравирањето на различните елементи трае повеќе од 100 часа . Механизмот за одбројување на минутите има вграден „гонг" , кој наликува црковна камбана, а цената за сите овие „компликации" е 1,3 милиони долари.
Но и ако имате пари , сепак , тоа не значи дека можете лесно да го добиете овој часовник. Оние кои сакаат да го купат, треба да аплицираат и прво да докажат дека и пред тоа биле клиенти на Patek Philippe.
„Дури и ако дадете 6 милиони долари за часовникот , нема да ви го продадеме , ако не ви биде одобрено ", вели Лари Петинели , претседател на Patek за Северна Америка. Од компанијата засега не соопштуваат колку модели од часовникот ќе произведат, но Петинели вели „многу малку“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





