05 Декември, 2025
0.2621

Часовникот на Apple ќе биде универзален далечински управувач!

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2013 14:29

Добивај вести на Viber

iWatch ќе се обиде да ги избегне грешките на конкурентските уреди , кои играат улога на непрактичен додаток за паметен телефон. Apple е на пат да го претстави првиот часовник во историјата. Со него компанијата сака да и возврати на Samsung и да понуди на своите клиенти лесно средство за контрола над целата компатибилна домашна електроника , пишува Venturebeat.com . Наместо да тргне по истиот пат како корејски колеги , чија креација беше наречена од специјалистите како „безмилосно непрактичен " додаток на паметен телефон, уредот на Apple ќе биде позициониран во сосема друг сегмент . Преку него ќе можете да се контролира мултимедијален систем , температурата на клима , домашниот аларм , енергетската ефикасност на системот за греење и уште многу други работи . Идејата за " универзален далечински управувач" звучи крајно интересно , имајќи предвид дека смислата на постоењето на " паметните часовници " отсекогаш била малку сомнителна . Тие секогаш биле само  прилог на smartphone , што го поставува прашањето зошто ви треба часовник ако имате телефон на неколку сантиметри од рака . Главниот проблем на часовниците беше постојаното добивање на известувања што ги тера носителот често да гледа во часовникот . Создавањето на уред кој е навистина " паметен " и неговите апликации се протегаат надвор од постојаниот прилив на статуси и твитови е многу Apple - ски пристап , велат аналитичарите. Апликациите за спорт и фитнес ќе бидат дополнети со целосна домашна автоматизација , што го прави миксот на функции уште попривлечен . Apple TV , исто така ќе биде дел од " коктелот " , како и сите уреди што поддржуваат интернет конекција. Главниот предизвик пред Apple е подготвеноста на потенцијалниот пазар за сличен уред . Домашна техника станува автоматизирана , но извештаите на компаниите покажуваат дека голем дел од корисниците се уште не се подготвени да платат повисока цена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: