12 Мај, 2024
0.0350

Челинџ на НЛБ Банка! Може ли друг да направи 13 милиони евра профит за сто дена?

Објавено во: Економија 24 Април, 2023

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка има добитна стратегија која и овозможи да ги подигне стандардите за најголема добивка. Нејзиниот профит за 100 дена (прв картал) изнесува 13 милиони евра. Бетон-комбинација од нето приходи од камати за 25%, раст на нето приходи од провизии и ослободени резервации

НЛБ Банка изработи квартал за својата корпоративна историја, а воедно ја помести и границата за успешно работење на најголемите македонски деловни банки.

Првите три месеци годинава оваа банка успеа со оптимизација на ресурсите и максимизација на приходите да направи нова рекордна квартална добивка каква досега немало во дведецениската корпоративна историја на деловните банки кои работат во земјава. Нето добивката на НЛБ Банка за првите три месеци (100 дена) надмина 13 милиони евра.

Еве на што се должи овој резултат од кој досега немало подобар.

Нето приходите од камати на НЛБ Банка за првите сто дена годинава надминаа 15,3 милиони евра и во споредба со истиот период лани бележат фантастичен раст од 26 отсто. Ова е навистина уникатен резултат особено затоа што тенденција на раст на приходите од камати ако има нагорна линија кај најголемите банки не надминува често повеќе од 10 отсто.

Мал, но значаен исчекор банката бележи и кај втората приходна ставка, а тоа се провизиите и надоместоците од работењето. За три месеци тие изнесуваат 5,27 милиони евра и се за 415.000 евра повисоки од истиот период претходната година.

И покрај тоа што се пониски од истиот период лани, банката во овој период бележи значајни приходи и од помалите ставки: курсни разлики и останатите приходи од дејноста. Вкупно двете заедно донесоа цирка 3 милиони евра на приходната страна.

И веројатно најважната ставка заради која НЛБ Банка дојде до овој финансиските резултат. Резервациите за овој квартал не се трошок туку банката има позитивно салдо од половина милион евра кои се книжат како приход заради тоа што банката ослободувала резервации.

Сума сумарум сите нето приходи на банката за овој квартал изнесуваат речиси 24,5 милиони евра.

Најголема трошковна ставка се расходите за вработените за кои НЛБ Банка исплатила 4,4 милиони евра. Тоа е за 626.000 евра повеќе од истиот период лани. Ова е пример за тоа колкава грижа води оваа банка за мотивација и лојалност на своите вработени.

Уште 4 милиони евра се книжени како останати трошоци и уште еден милион евра се трошок за амортизација.

Овој финансиски резултат банката го постигнала во период во кој го намали своето кредитно портфолио за 13,6 милиони евра. На крајот на март годинава во кредитни пласмани банката има 1,14 милијарди евра.

Слична е тенденцијата и кај вложувањата во државни хартии од вредност. На крајот на март во тие безризични инструменти банката чува 257,4 милиони евра што е за 9,2 милиони евра помалку во споредба со крајот на 2022 година.

Логично, се намалила и депозитната база на банката што значи дека се намалени и нејзините обврски.

На крајот на март банката чува 1,424 милијарди евра пари на граѓани што е за околу 50 милиони евра помалку од состојбата на крајот на декември лани. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно