23 Ноември, 2024
0.0212

Челзи ќе игра со Најк за 900 милиони фунти

Објавено во: Спорт 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Американскиот спортски концерн Најк ќе вложи колосални 900 милиони фунти во Челзи во следните 15 години. Договорот за производство и испорака на опрема влегува во сила од почетокот на следната сезона. „Сините“ од Северен Лондон ќе добиваат по 60 милиони фунти по сезона.

Од 2006 година петкратниот шампион на Англија играа со Адида", но во мај оваа година соопштија дека ги прекинуваат односите со германската компанија по крајот на сезоната 2016/17. Челзи требаше да плати околу 40 милиони фунти компензација на германскиот гигант, но таа ќе биде покриена со леснотија преку новиот договор.

Раководството на клубот ја утврди новата зделка како најголема во нејзината историја. „Ова е крајно возбудлив и важен за тимот договор“, изјави директорот Марина Грановскаja. 

- Ние веруваме дека Најк ќе ни помогне да се развиеме и на пазари кои се непознати за нас и дека ќе успееме да го задржиме своето место меѓу најелитните фудбалски клубови. смета таа.

Претседателот на Најк, Тревор Едвардс, исто така изјави дека е исклучително задоволен од договорот. 

- Челзи е познат по своите богати традиции и има приврзаници низ целиот свет. Нашето партнерство ќе ги потврди нашите лидерски позиции во фудбалот, рече Едвардс.

Договорот со Најк го засени двојно претходниот договор на тимот од Лондон, кој беше во вредност од 30 милиони фунти по сезона. Но, дури и оваа сума е смешна во споредба со актуелниот договор на Реал Мадрид од почетокот на 2016 година - 10-годишен договор со Адидас во вредност од 106 милиони фунти годишно.

Од друга страна договорот на Манчестер Јунајтед со германскиот гигант, потпишан во 2014 година, ќе им донесе минимум 750 милиони фунти, кои ќе бидат исплатени во текот на 10 години.

Еве ги и најдоходовните зделки за спортска опрема во светот на фудбалот:

1. Реал Мадрид - Адидас (106 милиони фунти, 10 години)

2. Манчестер Јунајтед - Адидас (75 милиони фунти, 11 години)

3. Челзи - Најк (60 милиони фунти, 15 години)

4. Баерн Минхен - Адидас (60 милиони фунти, 15 години)

5. Арсенал - Пума (30 милиони фунти, 5 години)

6. Ливерпул - Вориор (24 милиони фунти, 6 години)

7. Барселона - Најк (24 милиони фунти, 10 години)

8. Јувентус - Адидас (20 милиони фунти, 8 години)

9. Милан - Адидас (18 милиони фунти, 10 години)

10. ПСЖ - Најк (18 милиони фунти, 11 години)


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.