Чешка: Бараат милион евра во биткоини, или ќе ја шират еболата!
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2014 20:36
Непознати заканувачи се закануваат дека ја прошират еболата во Чешка, ако Прага не им плати износ од милион евра во виртуелните монети биткоини, соопшти денеска чешката полиција.
Заканувачите во писмо пратено преку електронска пошта, кое го објавила ТВ Нова, тврдат дека имаат „биолошки материјали“ од еден пациент заразен со ебола во Либерија.
„Непозната личност или личности ја ученуваат оваа држава, заканувајќи се дека ќе го прошират вирусот на ебола. Од самиот почеток тие се обидуваат да шират паника, што им е главна цел“, рекол на новинарите заменикот на шефот на полицијата Здењак Лаубе.
Заканувачите барале милион евра во виртуелната монета биткоин, исплатени во три рати.
Министерството за внатрешни работи, соопшти дека заканувачот или повеќето од нив, користат „многу софистицирани методи на комуникација“, не наведувајќи детали.
Роберт Шлахта, шефот на Одделението за борба против организиран криминал, рекол дека заканувачите би можеле да бидат осудени на повеќе од 12 години затвор, доколку бидат прогласени за виновни.
Медицински претставници, во меѓувреме соопштиле дека ширељето на смртоносниот вирус - од кој, повеќето во западна Африка, умреле речеиси 5000 луѓе - малку веројатно, бидејќи најпрво треба да се набави, потоа да се транспортира, па да се прошири без контакт со заболените.
Тестовите покажале дека четири случаи, кај кои имало сомневање на ебола во Чешка, се негативни на присуството на тој вирус.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




