19 Април, 2024
0.0354

Четири банкари и еден клиент: Интервју со необичниот музички бенд „The Bankers“

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Веруваме дека досега не сте слушнале за понеобичен склоп на музички бенд, кој со својата енергија освојува од прва. Имено станува збор за луѓе од економската фела, кои делат заедничка пасија кон музиката, но и заеднички долгодоишен стаж во НЛБ Банка. Владимир Лакински- помошник директор (22 годишен стаж во Банката),Костадин Китановски- раководител на експозитура Центар (18 годишен стаж), Стојан Сапаловски - координатор на област (19 годишен стаж), Љупчо Перински- раководител на Експозитура Дирекција- (20 годишен стаж) и долгодишниот клиент на банката Жарко Стојановски се момците познати под името „The Bankers“ , а и по своите енергични настапи на забавите на НЛБ Банка. 

Нивната приказна, специјално раскажана за Женски Магазин.

* Како дојдовте на идеја да направите еден ваков бенд, кој беше иницијаторот?

Костадин: The Bankers е една интересна дружина во која има некоја посебна хемија и некој посебен клик помеѓу членовите. Со Љупчо, Влатко и Столе сме колеги повеќе од 17-18 години,  сме поминале многу заеднички дружби на кои сме знаеле да ги фатиме инструментите и да се забавуваме. На тие дружби се роди идејата за клубска проба. Почетната постава на тогашниот безимен бенд бевме јас на гитара, Влатко на тапани и Љупчо вокал и акустична гитара. Не се заборава првата проба кога во просторијата доминираа само тапаните на Влатко, а мојата гитара приклучена на 10 ватно појачало и акустичната гитара на Љупчо озвучена со микрофон се мачеа да звучат. Меѓутоа желбата за забава, дружба и музика секогаш била на највисоко ниво. Љупчо важи за најголем мотиватор дека сме одлични и дека не треба да се откажуваме. Затоа и продолживме со проби речиси секоја недела. Се разбира, сето тоа беше аматерски. Правевме снимки со мобилен телефон, песните ги пеевме сите. Откако се слушна низ Банка дека свириме, неколку кандидати дојдоа да се пробаат со пеење или свирење. Ама најчесто после првото доаѓање, ги снемуваше. Оној кој покажа најголем ентузијазам, најголема желба и кој внесе невидена енергија во настапите е сегашниот вокал Столе. Со само две проби успеа да ја совлада тремата и да направи вистинско шоу на првиот настап во 2018 година, каде настапивме под името NLB Band. Атмосферата во Галеријата на Банката вриеше, сите пееја во еден глас, публиката изгледаше како бранови на море, едноставно не понесе. Се чувствувавме како ѕвезди на вечерта. Тогаш излезе и легендарната изјава на најискусниот член на бендот „Дечки, ние пишуваме историја!“

Со уште поголема енергија и желба, продолживме со пробите, учевме песни, го збогатувавме репертоарот. Меѓутоа она што ни фалеше беше водечка, соло гитара. Со Жарко заедно свиревме во рок бенд во средношколските денови, ем сме и роднински поврзани, па така го викнав на една проба. Неговото искуство стекнато од скопските клупски свирки му помогна веднаш да се вклопи во тимот и се осети синергија. Гитарата ја заменив со бас и звучевме како вистински комплетен бенд. Во Банка често се слуша муабетот „да ве бираа, ваков склоп немаше да направат".

Следната година, во комплетен состав спремивме 10-тина песни. Очекувањата од нашата публика, во овој случај колегите, беа уште поголеми. Ние полни самодоверба, Александар Палас преполн сo убави луѓе, голема бина со брендирано лого на „THE BANKERS“, сите во одлично расположение чекаа да „развалиме“. И бидна! Приредивме незаборавна едночасовна забава, со воведен говор за, 10-тата титула „Најдобра банка за 2019 година“ доделена од реномираниот финансиски магазин „The Banker“ и со 10 одлично избрани и исвирени песни во рок стил. Беа разделени преку 50 маици брендирани со логото на групата кои верната публика гордо ги носеше. Претпоставувам целата приказна со нашиот бенд е во тесна корелација со поддршката која ја добиваме од манеџментот на Банката и нашите драги колеги. Кога си со некој на иста бранова должина размената на енергијата е неизбежна. Навистина сме благодарни и среќни да работиме во една ваква инспиративна средина каде покрај професионалните обврски компанијата има слух и за приватните интереси и афинитети на своите вработени. Да се чувствувате комотно и свој во една таква средина навистина лесно оди од рака.

Целиот разговор на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре