Добивај вести на Viber
Планирањето на кариерата треба добро да се размисли, да се земат многу работи во предвид и упорно да се работи. Или можете да ја прескокнете сета таа главоболка и едноставно да целите кон овие четири кариери со коишто ќе бидете славен и привлечен кај жените.
Професионален спортист
Кошаркар, фудбалер, ракометар.. Не е важно што играте, бидејќи оваа професија ќе ве посреќи. Вашето заведување ќе биде потпомогнато со вашето тело, кое би изобилувало со мускули, голем број фанови и многу пари. Ова ќе биде успешно само доколку не завршите на некоја насловна страна за користење дрога или стриптиз бар.
Пожарникар
Мускули, посветеност и можноста да ги спасите миленичињата и малите дечиња од зграда што гори. Пожарникарите се ставени на исто ниво со Супермен, а Супермен е секогаш добитен кога станува збор за жени. Сепак ова правило има исклучоци, на пример ако имате огромен пивски стомак и се задишувате кога одите.
Шанкер
Шанкерот е природен избор на кариера за привлекување на жени, бидејќи го имате целото сценарио веќе наместено. Вашата работа е да служите пијачки на осамени луѓе и да го слушате нивниот проблем. Не само што ќе привлекувате жени, туку може и да се заљубат во вас. Сексот со разочарани (најчесто пијани) девојки е сигурен.
Музичка ѕвезда
Не само што ќе бидете привлечен за жените, туку и ќе имате специјален сет на фанови кои го посветиле животот за вас. За разлика од професионалниот спортист, не морате да бидете во моментот славни за да ви успее кај жените. Може да имате бенд во гаражата и сепак да имате фанови. Само со тоа што ќе бидете на сцена, жените ќе сакаат да ве имаат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: