19 Декември, 2025
0.0416

Четири работни дена – помалку стрес, повеќе здравје: Експериментот покажува зачудувачки резултати

Објавено во: Економија 23 Јули, 2025 17:05

Добивај вести на Viber

Скратувањето на работната недела на четири дена може значително да го подобри физичкото и менталното здравје на вработените и да го намали ризикот од „прегорување“ на работа, според ново истражување објавено во списанието Nature Human Behavior.

Пилот-програмата, спроведена во шест земји - Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Велика Британија и САД - вклучи околу 2.900 вработени од 141 компанија кои ја скратија работната недела за 20 проценти, но без да ги намалат платите, објавува Euronews Health.

Пред воведувањето на промената, компаниите поминале низ двомесечна обука и реорганизација на работата, со цел да се зголеми ефикасноста и соработката. Потоа вработените работеле шест месеци според новиот модел - четири дена во неделата. Резултатите покажаа значително намалување на нивото на стрес и прегорување, подобрено ментално и физичко здравје, како и поголемо задоволство од работата. За разлика од нив, вработените во 12 американски компании кои не учествувале во програмата не пријавиле никакви позитивни промени.

„Ефектите врз благосостојбата на вработените се доста униформни - без оглед на тоа од која земја или компанија се“, вели социологот Вен Фан од Бостонскиот колеџ, еден од авторите на студијата.

Колку повеќе луѓето го намалувале работното време, толку подобро се чувствувале - не само во однос на работата, туку и воопшто, покажува студијата. Дури и оние кои работеле само неколку часа помалку неделно пријавиле подобро здравје и поголема мотивација.

Повеќето компании го задржале пократкиот работен распоред дури и една година по завршувањето на експериментот. Истражувачите не забележале пад ниту во перформансите на компанијата, ниту во благосостојбата на вработениот.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии