Четириесет минути не дишевме: Искрено интервју со Тамара по „Евросонг“
Објавено во: Стил 31 Мај, 2019 09:03
Кај Тамара Тодевска сѐ уште владее еуфорија по најголемиот успех што ни го донесе од „Евросонг“ во Тел Aвив. Како и секоја година, скромно навивавме за влез во финалето, а добивме високо седмо место, радост и напнатост како на спортски натпревар додека Тамара и тимот, со песната „Proud“ добар дел од гласањето беа први на табелата. Во искреното интервју, поп-ѕвездата ни ги раскажа сите свои впечатоци од евровизската авантура и по неа, а ја искоментира и својата изјава дека не требаше да се откажеме од „Евровизија“ наспроти коментарите дека тие пари треба да се вложат во возила за Брза помош.
* Поголемиот дел од гласањето на “Евросонг“ бевте на врвот на табелата, како емотивно го преживеа тој момент, си помсилуваше ли дека ќе победите?
- Најголемата наша препрека беше влезот во финалето. Моментот кога тоа го постигнавме веќе сите бевме порелаксирани но во исто време и посамоуверени. Важно ни беше да добиеме поени од секоја земја но ни на крај памет не замислувавме дека ќе добиеме толку 12-ки. Се сеќавам, на почетокот на гласањето се радувавме бидејќи речиси сите земји ни дадоа по некој поен. Кога почнаа да доаѓаат 12-ките сите бевме среќни но и изненадени. На почетокот не знаевме ни како да реагираме. Се гледавме меѓу себе и се прашувавме – дали ова навистина ни се случува? И да, ќе бидам искрена, во еден момент, понесени од еуфоријата, помисливме дека можно е и да победиме. Тие 40-тина минути како времето да застана и сите дишевме во еден здив. Навистина незаборавно искуство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





