09 Октомври, 2024
0.0229

ЧЕТИРИГОДИШНИОТ МАКСИМ ДОНИРАШЕ КОСА ЗА ДЕЦА БОЛНИ ОД РАК: Им ги дадов плетенките за да не бидат тажни

Објавено во: Стил 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Му раскажав дека минатата година и јас ја дадов мојата коса, и дека, ете, сега некое девојче има косичка, а мене ништо не ми фали. Ми побара да ги види на слика сите деца на кои им треба коса. Откако ги виде, покажа кон две-три од од нив и рече: „Сакам да им ја дадам на овие деца зошто тие се многу тажни“. Следниот ден отидовме и без никаков проблем трпеливо чекаше да му ги сплетат плетенките и да му ги исечат. Во моментот ми делуваше многу поголем и позрел отколку што навистина е. Си ги зема плетенките ставени во папка од фризерскиот салон, и до дома ги носеше цврсто во раце, раскажа Вања Кочовска за Женски магазин, мајката на Максим.

Четиригодишниот Максим Кочовски од Скопје ја донираше својата коса за перика која ќе ја користат деца болни од рак. Неговото семејство ја испрати косата на Максим во фризерски салон во Амстердам, кој веќе десет години добива донации во вид на коса од од целиот свет, и изработува бесплатни перики исклучиво за деца кои се борат со ракот. Личната приказна на мајката на Максим, архитектката Вања Кочовска, по смртта на нејзината баба која починала од рак и нејзината мајка која успешно се изборила со болеста, ја инспиририраше да го направи овој хуман гест.