15 Мај, 2024
0.0383

Четврти пат по ред „Philip Morris International“ прогласен за најдобар работодавач во Европа и Блискиот Исток

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

„Philip Morris International“ е прогласен за најдобар работодавач во Европа и во земјите од Блискиот Исток, како признание на одличната работна средина во компанијата, како и исклучителните можности за напредок на вработените. Признанието за Европа доаѓа четврта година по ред, а првпат за Блискиот Исток, а се доделува од Институтот за најдобри работодавачи (Top Employers Institute), независно оценувачко тело со седиште во Швајцарија. Деталното истражување спроведено од овој институт ги мереше интерните практики на компаниите во поглед на можностите за развој на кариера, обуки и доедукација, работната средина и условите, како и компензација и бенефити за вработените.

„Philip Morris International“ доби високи оценки во овие категории во 24 земји од Европа и Блискиот Исток, каде според извештајот се овозможени исклучителни услови за работа и посакувана работна средина, која нуди креативен развој и мотивира иницијативи за личен и професионален развој на вработените.

PMI

„Philip Morris International“ вработува околу 82000 лица во светот. Компанијата има одлични програми за напредување во кариерата на секој поединец кој може својата работа да ја продолжи во еден од 180 пазари каде е присутна компанијата. Само во 2015 година речиси 1400 вработени работеле надвор од своите матични земји на различни проекти низ светот. Компанијата нуди стабилни иницијативи за учење и развој, силни програми за награди и признанија, како и предизвикувачки можности за кариера во глобална и различна средина.

Во Македонија, водечката глобална компанија од тутунската индустрија е присутна преку заедничкото партнерство со Тутунски Комбинат Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?