16 Декември, 2025
0.0538

Чифлиганец го пресели бизнисот во Србија и Грција: Ќе работиме надвор се дури нема услови во Македонија

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2021 07:20

Добивај вести на Viber


Домашната градежна компанија Адора инженеринг го „сели“ бизнисот надвор од Македонија. Првиот човек Ванчо Чифлиганец за Фактор вели дека сега се фокусирани на градење во странство, моментно во Србија и во Грција, а имале планови да градат и во други земји. Клучна причина за „преселбата“ на активностите, Чифлиганец ја лоцира во неповолната бизнис клима во земјава, но и неможноста да градат во општина Центар каде имаше мораториум за изградба на нови објекти. Тоа придонело од 500 вработени компанијата да се сведе на само 25 луѓе.

„Се додека не се создаде поволна бизнис клима во градежништвото-високоградба во Македонија, Адора инженеринг ќе делува надвор од границите на Македонија. Мислевме дека рецесијата ќе ги вразуми властите во Општина Центар, но тоа не се случи. Сакаме макро развој во државата, а тоа е невозможно без микро или локален развој на општините. Нема подобро за македонската економија од тоа да работат бизнисмените, а преку тоа да ги полнат буџетите и на општините и на државата, вели Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг и претседател на Адора бизнис групацијата.

Додава дека поради мораториумот не граделе три години, а за да се ублажи ударот биле принудени да купуваат акции во други компании, најмногу удели во Комерцијална банка. Чифлиганец очекува, како што вели, општина Центар да се вразуми и сите институции да ги почитуваат судските одлуки. Имено Уставниот суд неодамна го поништи мораториумот

„Адора инженеринг, што се однесува на нашиот градежен бизнис во Македонија се зависи од тоа дали Општина Центар ќе покажат зрелост, желба за вразумување и ќе дадат простор за локален економски развој на општината, бидејќи без тоа нема развој на државата. Мојот апел до останатите државни институции чија надлежност е координација и контрола врз работата на локалната самоуправа да покажат поголеми напори за излез од овој судир помеѓу инвеститорите, доброто за економијата, бидејќи очигледно се уште не сме свесни дека сме во рецесија,  одлуките на Уставниот суд од една страна, и неразумното однесување на Општината Центар од друга страна. Несватливо и недозволиво е кога една локална институција, Општина Центар не ги почитува и не ги спроведува одлуките на судските инстанци, тоа е директен удар врз државата, вели Чифлиганец.

Адора веќа имала своја компанија во Србија (Adora Living Solutions), а Чифлиганец вели дека сега сите компании се инкорпорирани во Adora Business Group. Моментно се гради елитен станбено деловен комплекс во Златибор. Станува збор за станбено деловен комплекс од 7000 квадратни метри со 100 станови, кои што ќе бидат целосно опремени, односно во кои што сите станови (апартмани) ќе бидат комплетно унифицирано опремени со мебел и целата останата покуќнина, базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана, двор за релаксација и останати современи содржини за планински одмор. Чифлиганец вели дека уникатноста на бизнис моделот се состои во тоа што целиот комплекс ќе функционира во вид на хотел, кој што ќе биде менаџиран од страна од нова компанија Adora Hospitality Group, во која имаат партнер со големо искуство во областа на хотелиерството.


„Впрочем, купувачите на недвижностите ќе можат да ги користат апартманите кога и колку што сакаат, а кога нема да ги користат, нашиот хотелски концепт целосно ќе се погрижи за нивно одржување и изнајмување, што ќе им обезбедува многу солиден и стабилен приход од минимум 5 отсто годишно, вели Чифлиганец.

За Фактор открива и дека работи на два проекти во Грција од кои едниот е на Халкидики. Таму веќе се изградени модерни вили со апартмани за продажба за семејно уживање на море. Годинава компанијата почнува проект на островот Тасос во Грција, каде што ќе гради два објекти со апартмани, од нив дел ќе бидат наменети за изнајмување, а дел за продавање. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи