19 Декември, 2025
0.1344

Чифлиганец: Не знам дали ќе имам добивка од она што го градам во Илинден, но ќе биде најдобро на Балканот

Објавено во: Економија 05 Март, 2019 17:00

Добивај вести на Viber

Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг, вели дека не е сигурен дали ќе извлече добивка од домот за стари лица „Втора младост“ во општина Илинден, но тврди дека ќе биде најмодерниот и најпрочуениот во регионот кога неговата планирана изградба која е во тек ќе заврши во 2020.

Изградбата започна пред три години, по што се јавија гласини дека еден од најистакнатите градежници во Македонија има проблеми со неговото комплетирање, но тој за „Фактор“ ги демантира овие шпекулации. 

-  Определбата за негова изградба беше од хумани побуди, да се направи еден европски, светски дом, да се пофали Македонија пред другите а средствата дали некогаш ќе се вратат е знак прашање, Единствен мотив на Адора инженеринг е да направиме нешто хумано за возрасни стари лица да живеат таму, а нивниот број ќе биде 200-тини и повеќе. Се работи за нов проект, не на адаптирање на стари згради. Нова концепција што е присутна во Европа, ние тоа го видовме во Австрија, Словенија и Швајцарија. Со богата забава и осмислен парк и зеленило кое ни го дозволува парцелата од 30 илјади метри квадратни. Тоа што го видовме во Европа, ние ќе го донесеме во Македонија. Карабината е завршена, ни преостануваат фините работи внатре и придружните објекти во кои забава ќе може да најдат и посетителите на старците од нивните пријатели па до внуци - изјави Чифлиганец.

Вели дека проектот „Втора младост“ е чист економски потфат без никакви привилегии од државата. Додава дека не брза со изградбата поради тоа што се чека општина Илинден да го заврши својот дел од обврската.

- За ова ниту сме примиле субвенции, ниту ќе примаме, а и тоа што може да се добие како субвенција е доста скромно и немаме таков интерес. Единствена помош од државата е тоа што ни е дозволено да го откупиме земјиштето за поповолна цена и тоа може да се признае дека е државна помош. За една до две години проектот ќе биде завршен, но не брзаме, ќе градиме паралелно со општината, затоа што нема таму уште канализација а секој ден ќе има повеќе од 300 луѓе станари, вработени, посетители. Но, информирани сме дека во текот на оваа година или евентуално другата тоа ќе биде пуштено во употреба. Не сакам да ги фалам, но таму се многу кооперативни и сакаат да помогнат, соработката е на високо ниво.  - објаснува Чифлиганец.

Вели дека не го прави тоа за да извлече добивка, затоа што математиката уште сега му кажува дека тоа ќе биде тешко. Основната фаза на изградба ќе чини 5 милиони евра, а тој вели дека до сега се платени 2 милиони евра. Според инвеститорот, тоа ќе биде најскапоплатениот и најдобриот дом за стари лица на Балканот.

- Јас сум во доцнежни години и со тоа сакам да ми заврши работниот опус, а не да профитирам малку или многу. Кога ли ќе ги извадам тие пари ако еден пензионер плаќа 500-600 евра месечно, што е навистина тешко и да се најдат такви, а бруто-лтата на вработените ќе биде многу повисока од тоа. Тука е и амортизацијата и намирниците за пензионерите и многу други трошоци - смета Чифлиганец.

Во Домот за стари лица „Втора младост“ ќе бидат вработени над 50 , околу 60 лица – персонал од различни професии и стручни профили, потребни за една ваква установа. Меѓу нив ќе има и социјални работници, психолози, доктори по медицина, медицински сестри, физиотерапевти и работни терапеври, геренто домаќинки, готвачи, фризери-бербери, градинари и друг помошен персонал..

Тие ќе се грижат за сместување, пријатен престој, нега, рекреација и забава на лицата од третото животно доба, кои ќе престојуваат во домот, како и за нивните посетители...

Во рамките на комплексот, освен капацитетот за сместување и нега, изграден, опремен, уреден и осмислен по современите европски и светски стандарди и трендови, комплексот ќе има уредена околина, осмислена  со разновидни содржини, различни помошни дејности, хортикултурно оплеменет простор за одмор, рекреација, за меѓугенерациско другарување и градење односи на взаемно почитување..

Чифлиганец со својата компанија досега има изградено околу 40 репрезентативни станбено-деловни објекти во Скопје, Струмица и Охрид.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии