Чиј бројчаник врти најјако? Кој битолчанец наплаќа 2.640 евра на час од РЕК Битола?

Објавено во: Економија 06 Декември, 2023 14:01
Час работа за еден булдожер на „Марковски компани“ во РЕК Битола чини 264 евра. Сите 10 ангажирани булдожери на Борче Марковски на час му носат приход од 2.640 евра што го плаќа најголемиот производител на струја во земјава. Во редовни услови за еден ден редовна работа (8 часа) „Марковски Компани“ за сите 10 булдожери од РЕК Битола ќе наплати 21.120 евра! Ова е втор тендер во иста година што Борче Марковски го добива во РЕК Битола за ангажман на неговите 12 булдожери. РЕК Битола има само 2 булдожери и не купува нови, но за двата тендери на Марковски ќе му плати до 15,7 милиони евра
РЕК Битола склучи нов договор за ангажман на булдожери – гасеничари. И овој пат работата ја доби битолската фирма „Марковски компани“. За потребите на рудниците од кои РЕК Битола црпи јаглен „Марковски компани“ во период од 18 месеци ќе треба да стави на располагање 12 булдожери (со сила на моторот од барем 380 мегаватчасови).
Договорот е вреден 9,21 милиони евра кои „Марковски компани“ ќе ги наплати ако неговите булдожери изработат 3.488 часови во рудниците од кои најголемиот македонски производител на струја црпи јаглен од чие согорување прави електрична енергија. Ако работат сите 10 булдожери по 10 часа секојдневно, сите пари од договорот „Марковски компани“ ќе ги наплати за нешто помалку од една година.
Оваа година ова е втор тендер за ангажман на истите булдожери. И кон крајот на јануари годинава РЕК-о (како што во сленг го именуваат битолчани) ги ангажираше булдожерите на Борче Марковски во тендер вреден 6,5 милиони евра.
Ако се оди како што треба и ако РЕК Битола ги потроши сите часови по тендерот Борче Марковски од неговите булдожери преку неговата фирма „Марковски компани“ само од РЕК Битола во период од 2,5 години ќе наплати до 15,7 милиони евра!
РЕК Битола од „Марковски компани“ ангажира механизација за потребите на рудниците затоа што има само два свои булдожери!
„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста праша колку сопствени машини со спецификации како во тендерот има. Ова е нивниот одговор: АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола има на располагање само 2 сопствени машини со наведените спецификации во описот на јавната набавка и тие се активно вклучени во производствениот процес.
РЕК Битола не купува нови булдожери туку втора година по ред ја ангажира битолска фирма на која ќе и плати до 15,7 милиони евра доколку во целост се ангажираат булдожерите. Според познавачите на пазарот на овие тешки градежни машини со тие пари РЕК Битола можела да набави барем 10 нови булдожери по сегашни цени.
На последниот тендер чиј договор е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/5616c844-96dc-4ff8-8d2f-47e55f36a591 стигнале две понуди. „Марковски компани“ дал подобра понуда од другата конкурентска компанија.
На тендерот во јануари пак „Марковски компани“ бил единствен понудувач. Интересно е тоа што на тој тендер иако бил сам понудувач цената за еден работен час била пониска за 2 евра од последната цена (од 27 ноември) која изнесува 264 евра за еден час работа на една машина на Борче Марковски.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ - ова се деталите

Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

ЗАРА НИКОГАШ НЕ ГО НАПУШТИ РУСКИОТ ПАЗАР, СКРОИ СОВРШЕН ПЛАН: Западните компании на разни начини ја оставија вратата на Русија за враќање

НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година
