ЧИНИ НАД ДВE МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Каква функција ќе има грчката „Железна купола“?
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2024 18:05
„Железната купола“ на Грција е противвоздушна, противдронска, антибалистичка и противбродска.
Се очекува во првите месеци на 2026 година да биде ставена во функција, а ќе чини над две милијарди евра, според заменик-министерот за одбрана на Грција Јанис Кефалојанис, кој откри детали говорејќи за радијата „Скај“ и „Talk radio“, јави дописничката на МИА од Атина.
„Целта е да имаме целосно функционална купола во пролетта 2026 година, која во суштина ќе има четирикратна функција. Ќе биде и противдрон и антибалистички и противвоздушен, во однос на воздушните закани, но и противбродски систем во однос на поморските закани. Го штитиме Егејското море од секаква можна опасност, без во првата фаза, да мораме да ги користиме авионите кои досега пресретнуваа или бродовите кои вршат набљудување на море. Очигледно ќе биде скап систем, нема да чини, според првите процени, под 2-2,5 милијарди евра“, објасни Кефалојанис за „Talk radio“.
Додаде дека конечниот износ ќе се утврди преку тендерскиот процес, а во однос на видот на системот рече дека во некои аспекти ќе биде како израелскиот, „но бидејќи заканата е различна од онаа со која се соочува Израел, карактеристиките може да бидат малку поинакви“.
Вели дека станува збор за систем што е за одвраќање, а не за напади и ќе ја покрива целата земја.
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




