08 Јули, 2024
0.0272

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

Објавено во: Економија 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics процени дека неговата оперативна добивка во вториот квартал е 15 пати поголема отколку во истиот период минатата година во услови на бум на вештачката интелигенција и скок на цените на полупроводниците.

Во периодот од април до јуни, оперативниот профит ќе изнесува 10,4 трилиони вони (6,96 милијарди евра), пресмета најголемиот светски производител на мемориски чипови, паметни телефони и телевизори. Во пролетта 2023 година, таа изнесуваше 670 милијарди вони.

Приходите најверојатно се зголемени за 23 отсто, односно на 74 трилиони вони, објави Samsung. Целосниот деловен извештај ќе биде објавен на крајот на месецот.

Бран на побарувачка за софистицирани DRAM чипови

Резултатите на Самсунг беа поттикнати од бранот побарувачка за софистицирани DRAM чипови, велат аналитичарите, истакнувајќи ги чиповите за меморија со висок пропусен опсег (HBM) што се користат во комплетите за вештачка интелигенција и NAN DRAM чиповите за серверите на центрите за податоци и уредите опремени за услуги базирани на вештачка интелигенција.

Цените на DRAM чиповите скокнаа во вториот квартал од 13 на 18 отсто во однос на почетокот на годината, а цените на NAND флеш чиповите за 15 до 20 отсто, покажуваат податоците на TrendForce.

Покрај повисоките цени на полупроводниците, профитот на Самсунг најверојатно бил зголемен и со промената на отпишувањето на книговодствената вредност на неговиот залихи на чипови, шпекулираат тие.

Samsung очекува уште една добра година

Во деловниот извештај за првиот квартал компанијата посочи дека очекува уште една добра година и покрај осцилациите предизвикани од „макротрендовите“ и геополитичките проблеми.

„Очекуваме силна побарувачка за персонални компјутери и мобилни уреди благодарение на трендот на инкорпорирање на вештачката интелигенција“, истакнаа тие.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

На кого ќе му се качи шеќерот? Што „Европа“ ќе купува од „Фершпед“ за 4,7 милиони евра?

На кого ќе му се качи шеќерот? Што „Европа“ ќе купува од „Фершпед“ за 4,7 милиони евра?

ЗАДОЛЖЕНАТА ДРЖАВА ОБЕШТЕТУВА ФИРМИ: „Каргомакс“ доби 1,8 милиони евра

ЗАДОЛЖЕНАТА ДРЖАВА ОБЕШТЕТУВА ФИРМИ: „Каргомакс“ доби 1,8 милиони евра

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА НАФТАТА ЗАВИСАТ ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ И ТОА НЕ СЕ БАЈДЕН И ТРАМП: Еве кои се тие

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА НАФТАТА ЗАВИСАТ ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ И ТОА НЕ СЕ БАЈДЕН И ТРАМП: Еве кои се тие

СИТЕ КОИ ПРИМААТ НАДОМЕСТ ОД 563 ЕВРА МЕСЕЧНО МОРА ДА СЕ ПОДГОТВАТ НА ПРОМЕНА: Германската власт воведува низа строги правила и финансиски санкции

СИТЕ КОИ ПРИМААТ НАДОМЕСТ ОД 563 ЕВРА МЕСЕЧНО МОРА ДА СЕ ПОДГОТВАТ НА ПРОМЕНА: Германската власт воведува низа строги правила и финансиски санкции

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ НА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА ПОСТОИ ДУОПОЛ И КАЖА ВАЖНА ВЕСТ - се размислува за доделување лиценца за трет мобилен оператор

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ НА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА ПОСТОИ ДУОПОЛ И КАЖА ВАЖНА ВЕСТ - се размислува за доделување лиценца за трет мобилен оператор

КАКО ДА ОСТАВИТЕ РАБОТА СО ШЕСТОЦИФРЕНА ПЛАТА - откриваат поранешни вработени во технолошки компании

КАКО ДА ОСТАВИТЕ РАБОТА СО ШЕСТОЦИФРЕНА ПЛАТА - откриваат поранешни вработени во технолошки компании

ОВА СЕ ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ЕКОНОМИИ НА СВЕТОТ ВО 2024 ГОДИНА - Америка и Кина и натаму на врвот

ОВА СЕ ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ЕКОНОМИИ НА СВЕТОТ ВО 2024 ГОДИНА - Америка и Кина и натаму на врвот