Панчо како тинејџер: Чистев пепелници и варев турско кафе во кафуле
Објавено во: Стил 04 Мај, 2019 19:00
Оваа недела на детството и на тинејџерските години се потсетува Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК и како што и самиот открива како дете бил доста немирен и палав.
„Жалам што не можете да ја прашате мајка ми повеќе ама знам дека душата ѝ ја извадив. Од секогаш бев самостоен, со оглед на тоа дека живеев само со мајка ми, а таа мораше да работи. Еднаш паметам дека ме прати по цигари, имав околу 6-7 години и бидејќи малската трафика не работеше се качив во автобус на најблиската автобуска станица и кога возачот виде дека сум сам ме одведе во првата полициска станица. Таму со полицајците си гледав цртани филмови и нормало по 2-3 часа се појави мајка ми да ме земе.“, се потсетува Панчо.
Панчо се присети и на првата хонорарна работа која ја добил во петто одделение во тогаш познатиот кафе бар CITADELA, кој се наоѓал на 50 –тина метри од неговата зграда.
„Работа ми беше да собирам полни пепелници и да ги менувам со чисти, да варам турско кафе на решо бидејќи тогаш немаше машини за еспресо и макијато. “, откри пејачот за ХАШТАГ.МК
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





