Добри резултати, машала! Колкава добивка лани има „Халк банка“?
Објавено во: Економија 03 Јули, 2025 09:25
Халк Банка во 2024 година освен одлична добивка со која се рангира во групата на најуспешни банки има резултати кои укажуваат на значајно подобрување на пазарната позиција. Расте кредитирањето, се зголемуваат приходите од камати и надоместоци, се зголемува вложувањето во хартии од вредност. Депозитите на коминтенти за една година пораснале за 241 милиони евра и достигнале ниво од 1,32 милијарди евра
„Халк Банка“ лани имаше одлична деловна година во која покажа дека заслужено е една од петте најголеми деловни банки во Македонија.
Според официјалните и јавно достапни податоци нејзните нето приходи лани достигнале 88,5 милиони евра, а добивката од деловното работење изнесувала 33,3 милиони евра.
Нето добивката за 2024 година на оваа банка изнесува 30 милиони евра, што ја става во редот на најпрофитабилните четири банки во Македонија.
Нето приходите од камати се најголема приходна ставка и лани изнесувале 68,28 милиони евра и се за нешто над 10 милиони евра повисоки од претходната споредбена 2023 година.
Солиден раст банката бележи и кај приходите од втората најголема приходна ставка – провизиите и надоместоците. Од нив се инкасирани 13,93 милиони евра што е за 1,5 милиони евра подобар резултат од 2023 година. А ова укажува на заклучок дека зголемените приходи на банката се резултат на нејзината подобрена пазарна позиција.
„Халк Банка“ лани ги зголемила своите приходи од курсни разлики и тие изнесувале 3,76 милиони евра. Од останатите приходи од дејноста банката лани остварила 2,58 милиони евра.
Покрај зголемените приходи од работењето и зајакнувањето на пазарната позиција значајно влијаение на зголемената добивка има и намаленото ниво на резервации лани во споредба со 2023 година. Имено лани банката имала во резервација 14,57 милиони евра што е за 3,73 милиони евра помалку од издвоеното за оваа намена во 2023 година.
Банката низ потрошеното покажува дека води грижа за своите вработени. Имено лани за трошоци за вработените биле издвоени 18,23 милиони евра, а тоа е за 2,25 милиони евра повеќе од 2023 година.
Нето резултатот од поединечниот биланс на успех покажува дека „Халк Банка“ лани имала добивка од 30, 13 милиони евра.
Банката лани успеала значајно да го зголеми кредитирањето покажуваат официјалните податоци од билансот на состојба. На крај на 2024 година банката завршила со кредитно портфолио вредно 1,17 милијарди евра што е за речиси 170 милиони евра повеќе од 2023 година.
Крајот на 2024 година банката го дочекала со вложувања во хартии од вредност (пред се државни обврзници) во вредност од 231 милиони евра. А тоа е за 74 милиони евра повеќе од претходната споредбена година.
Вредноста на активата на „Халк Банка“ на крајот на 2024 година достигнала 1,85 милијарди евра или 225 милиони евра повеќе од 2023 година.
Вредноста на депозитите на коминтентите (со исклучок на банки н.з.) на крај на 2024 година изнесува 1,325 милијарди евра и книжи раст од 241 милиони евра.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




