Човекот кој ја најде среќата во Северна Кореја
Објавено во: Стил 13 Април, 2013 07:53
Сепак, според Дрезнок, Северна Кореја е сосема пристојно место на живеење. Овој војник како што кажавме погоре пред повеќе од 40 години преминува на страната на Севернокорејците. Соочен со немањето иднина, тешко детство и соочен со воен суд, човекот сметал дека Северна Кореја му е шанса за спас. Корејците го испрашуваат, сфаќаат дека не е шпион и го примаат под своја закрила. После него уште двајца други војници на САД поминуваат на страната на Северна Кореја. За некое време тројцава сфаќаат дека можеби направиле погрешна одлука и бегаат во руската амбасада, барајќи азил во СССР кој не го добиваат. И се враќаат назад. Тогаш Северна Кореја решава максимално да го искористи за пропагадни цели нивното присуство и ги ангажира да држат антиамерикански говори и да глумат во фимови. Токму така, овие војници кои биле никој и ништо во САД стануваат филмски ѕвезди во комунистичката земја. Ги препознава целото население..а и како на би ги препознало со оглед на тоа што и денеска во Северна Кореја има само една телевизија која емитува неколку часа програма, базирана строго на антиамериканска пропаганда. Дрезнер се жени два пати и тоа за некорејски жени, исто како и неговите колеги бегалци. Интересно е што жените кои се мажат со овие луѓе биле киднапирани од нивните матични земји, со цел да се создадат деца шпиони кои ќе работат за Северна Кореја. Ова Дрезнер го негира.
Приказната за Дрезнер наголемо и е откриена на јавноста во документарецот од 2006 година, поминувајќи ја линијата во која се опишува неговиот животен пат. Децата на Џон Дрезнер имаат завршено факултет и за разлика од поголемиот дел од Северна Кореја не патат од глад. Џон Дрезнер, човекот кој немал ни средно образование во еден период држи предавања на факултетот за странски јазици во Пјонгјанг – главниот град во кој е привилегија да живееш и каде што се најмали шансите да умреш од глад.
Денеска Дрезнер има сериозни проблеми со срцето, поради прекумерното пиење и пушење, но според него, тој не направил никаква грешка што преминал на страната на најголемиот непријател.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





