Чудо ми помогна да го победам ракот и да станам мајка: Искрена приказна на Бојана Крстовиќ-Јовановиќ
Објавено во: Стил 28 Октомври, 2019 09:44
Пред нешто повеќе од 11 години, болеста ѝ ја одзема можноста да ужива во детството, а денес, откако излезе како победник по битката со ракот, Бојана Крстовиќ- Јовановиќ од Подгорица вели дека верува во чуда. Храбрата 23 годишна жена која е угостителски менаџер, пред два месеци стана мајка на Леона. Иако кај неа и кај сопругот Марко постоел голем страв, дали сонот да станат родители ќе им се оствари, длабоко во себе верувале дека нивната приказна заслужува среќен продолжеток. Бојана минатата година беше во Струга, како гостин на големата конференција на деца кои го победиле ракот, која ја организираше САНО, асоцијација за подобро здравје, едукација и социјална грижа од Скопје.
„Некогаш во луѓето засекогаш ќе останат некои години, датуми и времиња. За мене секогаш, длабоко остана тој 13 март во 2008 година. Зошто токму тој датум? Како и секое дете кое сонува за своето детство, сонував и јас. Но, многу кратко. За мене тоа поглавје многу рано заврши“ ,ја започна својата приказна за Женски магазин Бојана.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





