26 Април, 2024
0.0319

Чулев одби, но Стоилковски прифаќа дуел со Рашковски: Дали ќе има дебата?

Објавено во: Македонија 20 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го прифати предизвикот од поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за отворена дебата околу набавката на софтверот, но и за други теми.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска изјави дека ќе илезе на дуел со Рашковски.

– Во секоја нормална држава во која што функционира правдата, Драги Рашковски веднаш ќе беше спроведен во Македонија заради набавка на некорисен и неадекватен производ – софтвер кој што не е, и по најавата од МВР нема да биде ставен во употреба.Но, во режим во кој што Зоран Заев го амнестираше својот близок соработник, Драги Рашковски од Мексико закажува ТВ дуели! Заради криминогениот режим, Македонија тоне се подлабоко на сите светски мерења на борбата со криминалот и високата корупција, Македонија тоне во тешка здравствена и економска криза.Но, токму заради приликите, заради режимот во Македонија, јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски, во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел, за да го соочам пред јавноста со сите скандали тешки милиони евра. На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел – изјави Стоилковски.

Тој додава дека е време јавноста, а можеби и Јавните обвинители на ист начин, да го слушнат човекот што бараше шамари, ќотек за народот, да се освестел, како тоа семеен одмор во Мексико му е евтин, додека народ умира за кислород и вакцини вредни од 20 евра по доза?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Рашковски е во врвот на криминогени скандали на режимот, од набавка на радарски систем тежок 8.000.000 евра, преку планови за набавка на хеликоптерски систем тежок исто милиони евра.

– За Драги Рашковски слушнавме и во црната не – само – бизнис- соработка на режимот на Заев со балканскиот мешетар Дака, за сега фатен како направил непотребна набавка на можен негов изум, тој веднаш да биде амнестиран од Заев.ЈО отвори истрага за Радарот на Рашковски, но искуството не учи да не веруваме дека оваа истрага, ќе даде поинаков резултат од онаа истрага на ЈО за случајот Леонардо.Кредото на ВМРО-ДПМНЕ како лидер на опозицијата во услови на режим е јасно: нема компромис, нема разговор со криминалот! Со Рашковски нема што да се дебатира, тој треба да одговара, таму каде што е местото за тоа, пред правосудниот систем – вели Стоилковски.

Ршковски вчера во изјава за Канал5 рече дека правните дилеми околу набавката на софтверот треба да ги решат институциите, но повика на политичка дебата со опозицијата.

– Ќе заврши мојот,  ако после се може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа – рече Рашковски.

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, вчера го одби повикот за дебата на Рашковски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот