Чулев: Податоците и информациите кој ги изнел Дончев ќе бидат доставени до ОЈО
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера во гостување на Канал 5 изјави дека Основното јавно обвинителство е на ред да одлучи дали ќе постапи против поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.
Тој вчера беше повикан на информативен разговор во Полициска станица.
„Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна“, вели Чулев.
Две нови аудио снимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.
Се алудира дека наводно на нив е гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев. Во нив Дончев наводно споменува две имиња, Зоки и Медарски.Дончев неодамна си поднесе оставка од позицијата директор на ФЗО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.