25 Ноември, 2024
0.1604

Чулев: Сите кои вчера делеа пакети ќе одговараат за непочитување на мерките

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во гостувањето во вестите на Македонската радио телевизија говореше за објавените видео материјали на социјалните мрежи од делење на хуманитарни пакети од страна на активисти на СДСМ.

Тој истакна дека за настанот е информирано Основното јавно обвинителство во Струмица и МВР има добиено соодветна дозвола за натамошно постапување во случајот. Доколку од примателите на хуманиратна помош се утврди дека била барана противуслуга, давателите ќе одговараат за поткуп, а учесниците во настанот ќе одговараат и за непочитувањето на Владините мерки.

Во текот на вчерашниот ден беа објавени видео материјали на кои што се гледаше делење на таканаречени хуманитарни пакети со храна на социјално ранливи категории и од страна на МВР веднаш беше извршена идентификација на лицата кои што се даватели меѓутоа и приминатели на хуманитарните пакети. Беше информирано и доставено соодветно известување до Основното јавно обвинителство во Струмица, и од страна на Основното јавно обвинителство беше добиена дозвола за постапување на полиција во овој случај. Во оваа насока во текот на наредните денови од страна на секторот за внатрешни работи Струмица ќе бидат превземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на дали постои соодветна валидна документација за делењето на донацијата, кој е давателот на донацијата. Врз основа на кои критериуми е дадена донацијата и дали од примателите на донацијата се барани соодветни противуслуги. Во однос на оние лица кои што учествувале на овој настан, а врз основа на видеоматеријалите е утврдено дека не ги почитувале одлуките на Владата во однос на држење физичка дистанца, во однос на групирање и неносење на заштитана лична опрема ќе бидат превземени соодветни активности и тие ќе бидат санкционирани, вели Чулев.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа