ЧУПЕСКА - СТАНИШКОВСКА: Во Струмица ќе нема двојазични униформи
Објавено во: Анализа 13 Јануари, 2018 07:00
Изгласаниот закон за употреба на јазиците ги покрена прашањата за излегување од рамките на Уставот со членовите за двојазични униформи на полицијата и службите како и на двојазични пари во местата каде граѓаните над 20% го говорат јазикот. Овие членови треба да ги разгледа и оцени Венецијанската комисија, а истите може да послужат и како повод претседателот Иванов да го искористи правото на Вето и да го врати законот на повторна генерална расправа на Собрание. Тоа ќе предизвика ново гласање со апсолутниот број на мнозинството на пратеници, но ќе потроши триесетина дена. Секако, крајната фаза е решавање на Уставниот суд најверојатно по претставка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ или било кој друг спротиставен субјект. Затоа го пренесуваме ставот на професорката Ана Чупеска-Станишкоска и што таа мисли за уставноста на законот и елементите кои предизвикуваат грижа за двојазичност на сите институции и на сите места каде граѓаните го зборат јазикот над 20%.

„Со, оваа законска интервенција се овозможува поголема етнокултурна правда, односно се укажува дека државата не конотира исклучиво и ексклузивно само еден единствен идентитет, туку симболчки го акакомодира фактот на мултикултуралноста.
Што се однесува до парите, јас како што разбирам, нема да има двојазични пари, туку ќе има “повеќе” симболизација на парите, односно ќе се додадат симболи, а не, два јазика на парите.
За униформите, пак, интервенцијата се однесува само на подрачјата каде има потреба за тоа, според процентуалната застапеност од 20 %, што значи дека во Тетово ќе има, но во Струмица нема да има потреба од такви униформи. Двојазичноста на униформите , што е најважно, се однесува на симболички аскрипции, а никако не на системот за командување во полицијата“, вели Чупеска-Станишкоска.
Кохезија на Уставноста и Рамковниот договор
„Сепак, за уставноста на законот одлучува Уставниот суд, иако, според мене законот само ги дорарзива и соодветно ги проширува јазичните права до максимум и тоа во согласност со амандманот 5 на Уставот, во контекст на ОРД, односно не ги надминува уставните ограничувања во овој поглед“ оценува Чупеска-Станишкоска.
Овие денови можни се и помали протести пред Собранието за изразување на револт кон новото владино раководство, но ќе се види дали има потенцијал за поголемо предупредување или само моментално незадоволство.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





