23 Ноември, 2024
0.2347

Чувајте се од него: Кој е најпресметливиот знак во хороскопот?

Објавено во: Општо 24 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Тие мораат да ја анализираат до детаљ ама баш секоја ситница, а потоа да ја преиспитаат со својот аналитички ум, за дури на крајот да донесат некаква одлука.

Во нивниот свет сè е испланирано и организирано. Тие се точни и пресметливи.

Сите нешта ги расчленуваат на најмали делови, внимателно ги пресметуваат сите можни опции, за да крајот да донесат одлука која не би можела да биде погрешна.

Тoa се Девиците.

Кај нив нема пропусти. Тоа ги навредува, па е речиси невозможно да се случи.

Нивниот мозок е сличен како тој на Близнаците, што не е ни чудно, имајќи гo на ум фактот дека нивни владетел е Меркур.

За разлика од Близнаците кои се луди и забавни, Девиците не знаат како да се забавуваат.

Не сакаат кога некој ги прекинува на средe реченица и во тој момент стануваат многу нервозни. Имаат многу „краток фитиљ“ и знаат лесно да избувнат.

Она што ги ужаснува се човечката глупост, непромисленост, неточност...

Знаат да бидат големи злоамтила, а во некоја кавга ќе ве потсетат на деталите од пред многу години, на кои вие и секој друг , нормално не би се сетиле никогаш.

Поседувањето на изразена логичка интелигенција, честопати ги доведува во конфликт со самите себеси, но и со нивните емоции.

За нив во сè мора да има логика. А, кај емоциите таа е најмалку присутна. Токму затоа, емоциите се вечен проблем за кој не можат да најдат логичко објаснување.

Сè она во кое нема логика и точност, за Девиците е еднакво на хаос, а често знаат да го изгубат тлото под нозете и да бараат некој на кој ќе се потрпат

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.