05 Декември, 2025
0.0498

Чувар на бели мечки – хонорарна работа за голема заработка

Објавено во: Стил 03 Мај, 2013 11:30

Добивај вести на Viber

Чувар на бели мечки на норевшката островска група Свалбард во Арктикот. Може ли тоа да биде привлечна хонорарна работа во летниот период?

Доколку имате навика да кампувате во шатор, имате искуство со бели мечки и можете да пукате прецизно од огнено оружје во случај тоа да биде неопходно, тогаш можете да биде кандидат за споменатото работно место.

Норвешкиот државен орган кој се грижи за Свалбард, бара чувар на бели мечки кој треба да се погрижи тие да не го вознемируваат персоналот што во текот на три недели летово ќе ги реновира ловечките колиби во областа Хорнсунд, каде што ови диви животни се дефинитивно побројни од луѓето.

Платата која се нуди е исклучително добра. Годишната бруто плата изнесува 348.500 норвешки круни (преку 45.000 евра), плус т.н. „поларен додаток“, чиј износ во огласот за вработување не е наведен.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите молби до 27 мај, а вработувањето започнува од 8 јули, пишува шведскиот весник „Дагенс нихетер“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: