25 Ноември, 2024
0.1124

ЦИГАРИТЕ ПОВТОРНО НА УДАР, СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИ: Еве колку ќе собере државата од повисоките акцизи следните години

Објавено во: Економија 18 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Од два до четири денари ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи следната година поради измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со него се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. 

- Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот. 

 Со предложените измени, мерните уреди за мерење на количина се различни од мерните уреди за мерење на волумен, се врши дополнување на одредбите за постапката на денатурирање на етил алкохол. 

Исто така се олеснува постапката за издавање на одобрение за повластен корисник на наведените субјекти имајки предвид дека овој услов се применува за издавање на одобрение за повластен корисник на деловни субјекти кои акцизните добра ги користат при производство. Исто така се уредува воведување растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, кој ќе подлежи на акциза, со цел ограничување на здравствените ризици поврзани со употребата на истиот, односно дефинирање на растителниот (билен) производ за пушење. 

Се дефинира новиот акцизен календар, се дефинира износот на акцизата на цигарите и другите тутунски производи, како и течноста за електронска цигара. Потоа се врши усогласување со Законот за прекршоци во делот за водење на прекршочна постапка и ревидирање на прекршоците согласно тежината на прекршокот.

- Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за акцизите е усогласување со европското законодавство од областа на акцизите, уредување на воведувањето на растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, се дефинира износот на акцизата на цигарите и другите тутунски производи, како и течноста за електронска цигара, се врши усогласување со Законот за прекршоци во делот за водење на прекршочна постапка и ревидирање на прекршоците согласно тежината на прекршокот, подобрување на текстот на Законот за акцизите, како и усогласување на текстот на законот со уставното име на државата – се посочува во Законот. 

Предлагачите на овие законски измени, предвиделе дека со спроведувањето на измените на Законот за акцизите ќе има позитивни прилив во Буџетот на Македонија во износ од 797 милиони денари во 2024 година, 883 милиони денари во 2025 година и 782 милиони денари во 2026 година. 

- Се предвидува измена на законот во делот на тутунските производи во насока на усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ кај цигарите, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. Дополнително, се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол – се појаснува во законот. 

Од материјалите објавени на веб странта на Собрание, може да се видат и деталите од измените. Па така на пример во измените е наведено дека: акцизата на цигари изнесува 3,253 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена по кутија. Акцизата на пури изнесува 21,37 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена. Акцизата на цигарилоси изнесува 10 денари по парче и 9 проценти од малопродажната цена. Акцизата на тутун за пушење како фино сецкан тутун изнесува 2.300 денари по килограм нето тежина, на тутун за пушење како друг тутун за пушење и тутунот за водено луле (тутун за наргиле) изнесува 2.300. Акцизата на тутун за шмркање и тутун за џвакање изнесува 2.300. Акцизата на несогорлив тутунски производ изнесува 4.000,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса. Акцизата на течност наменета за полнење на електронска цигара изнесува три денари за милилитар волумен. 

Деталите откриваат и дека предлагачот утврдил и казни за непочитување на законските одредби. Паричните казни почнуваат од 50 евра, но може да достигнат и до 4.000 евра, зависно од прекршокот и другите причини за изрекување на глоба. 

Она што особено ќе ги интересира граѓаните е стартот на примената. 

Имено, од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари секоја година

Исто така на 1 јануари 2024 година, износот на специфичната акциза на пури се зголемува за 4 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 2 денари по парче на 1 јануари секоја година

Акцизата за цигарилоси во 2024 година се зголемува за 2 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 1 денар по парче на 1 јануари секоја година

Специфичната акциза за тутун за пушење како фино сецкан тутун, тутун за пушење како друг тутун за пушење, тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за шмркање и тутун за џвакање се зголемува за 150 денари по килограм нето тежина на 1 јануари секоја година

Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година, износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса на 1 јануари секоја година

На крај, акцизата на течноста наменета за полнење на електронска цигара се зголемува за 0,20 денари, по милилитар волумен на 1 јануари секоја година

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“