Циговски го продаде ресортот Маврово, но има проблем да ја наплати продажбата
Објавено во: Економија 04 Јули, 2025 07:50
Бизнисменот Огњан Циговски продаде 80 отстотен удел во Ресорт Маврово, но за кратко време потоа имал проблеми со наплатата на купопродажниот договор, поради што морало да интервенира извршител.
Ресортот во чиј состав влегуваат четири хотели, меѓу кои и „Бистра“ како најпознат,, кабаре, три угостителски бачила, скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ и подружница за изнајмување на рекреативна опрема, од мај има нов управител во Лубе Кутлешоски од Битола, а нов сопственик е „Епинал Холдинг“, чиј формален сопственик е Валентина Бабамовска. Во последно време Циговски влезе во бизнис релации со две фирми од Австралија - „Бесијан Холдингс ПТИ ЛТД“ и „Македонија ПТИ ЛТД“, за кои беше објавено дека се во сопственост на иселеничко семејство.
Во меѓувреме, како што и потврди самиот Циговски, минатата недела интервенирал извршител кој го запленил уделот на купувачот.
„На 20.05.2025 година потпишан е договор за пренос на удел, со кој уделот на содружникот Огњан Циговски беше пренесен на новиот содружник ЕПИНАЛ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Битола.
Договорот предвидува купувачот да ја доплати купопродажната цена во две рати, од кои првата доспеваше на 01.06.2025 година. Како обезбедување за исплатата, купувачот во својство на нов содружник го заложи новостекнатиот удел. За жал, купувачот не ја изврши исплатата во договорениот рок, со што доплатата на целосната купопродажна цена доспеа во целост. На 09.06.2025 година беше испратена опомена до купувачот, која не резултира со исполнување на обврската. Поради тоа, на 24.06.2025 година беше покрената постапка за реализација на заложното право“, ни одговорија застапниците на Циговски.
Од таму очекуваат оваа ситуација да биде надмината и да нема негативно влијание на ресоротот кој се обидува да привлече доволен број на туристи, како во зимската, така и во летната туристичка сезона.
„И покрај сложената ситуација, доверителот очекува новиот сопственик на уделот да ги исполни своите договорни обврски и да продолжи со управување на Друштвото, со зголемување на туристичката понуда и инвестирање во збогатување на содржините кои се нудат на посетителите на Маврово и неговата околина“, дополнето е во одговорот кој го добивме.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




