15 Декември, 2025
0.0732

„Циклонот“ Кемкпенс доаѓа во Македонија!

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2014 14:10

Добивај вести на Viber

Ако помисливте дека станува збор за нов циклон кој се заканува да направи штети во нашата земја, нема потреба да се плашите. Станува збор за бизнис циклон кој се заканува да донесе нови и позитивни искуства за македонското високо образование и бизнис климата кај нас. Оливер Кемпкенс доаѓа во Македонија. Светски познатиот консултант и личноста која е дел од глобалната бизнис елита од 23 до 28 Август ќе престојува во Македонија со цел да го анализира пазарот на високото образование и можностите за негово унапредување во нашата земја. Кемпкенс моментално работи на проект поддржан од руското Министерство за образование за тамошни пет универзитети да станат дел од најпрестижните сто универзитети во светот, неговото име веќе 12 години се поврзува со брендови како SAP, Francotyp-Postalia Holding, KFCS Group, медиумскиот конгломерат Sky Deutschland GmbH & Co KG, а во Македонија доаѓа на покана на Бизнис академијата Смилевски. „Оливер Кемпкенс зад себе има големо искуство во светот на бизнисот и менаџментот, луѓето го препознаваат како еден од најиновативните менаџери во светот во 21 век, и нам ни претставува особена чест и задоволство што Македонија ќе ја посети личност од негов ранк и што секако ќе биде наш гостин. Во текот на неговиот престој, тој ќе оствари неколку средби низ земјава со бизнисмени, млади претприемачи, градоначалници и претставници од власта, на кои ќе разговара за можноста да инвестира со своите знаења и искуства во Република Македонија“, велат од Бизнис академија Смилевски- БАС. Кемпкенс претставува и експерт во следните полиња: водство, организациски промени, креативно мислење, иновации, конфликтен менаџмент и преговори, претприемаштво итн., а своите знаења ги споделува на многу конференции ширум светот во улога на предавач, како што се: Marketing Kingdom, InternetBeta, Global Entrepreneurship Week, Open University, PostExpo, Mathematical and computer science relevant topics for Oil & Gas, TEDx и многу други. Кемпкенс има и богато образование зад себе и може да се пофали со дипломи од престижните Stanford и Wharton универзитети во САД и од Лондонската бизнис школа- London Business School, која се наоѓа меѓу првите десет високо образовни институции во свет за стекнување вештини и знаења во бизнисот и менаџментот. Од Бизнис академија Смилевски кои се одговорни за интересот на Кемпкенс кон Македонија велат дека наскоро секој македонски граѓанин ќе добие можност да учи како се развива и менаџира бизнисот од светски познати експерти како Оливер. Пошироката македонска јавност Оливер Кемпкенс го запозна во првата сезона на емисијата „Кралеви на успехот“.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија