20 Декември, 2025
0.0403

Ципрас бара поголема поддршка за договорот со Македонија-ќе ја добие ли од грчките пратеници?

Објавено во: Македонија 07 Април, 2018 08:24

Добивај вести на Viber

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува договорот за спорот за името на Република Македонија да биде одобрен од најмалку 180 пратеници. Ова е објавено од страна на неколку портали во Грција. Во парламентот во Атина има 300 пратеници. Владејачкото мнозинство на премиерот Ципрас има 154 пратеници. В

ладата во моментов разговара за тоа како, откако Договорот ќе влезе во Националното собрание, да добие поддршка од 180 пратеници.

„Ако се постигне договор со ПЈРМ, соработниците на премиерот разгледуваат варијанти како тој да биде поднесен во парламентот и да биде одборен, но не со просто мнозинство. Дебатите имаат за цел да се зголеми мнозинството на 180 пратеници. Ова е потребно бидејќи станува прашање за меѓународен договор и тој не треба да биде усвоен со просто мнозинство", соопштува грчкиот портал in. 

Друг грчки портал Eurotoday прецизира: 

Нема уставна обврска грчкиот премиер да бара поддршка од 180 пратеници, но како што објаснува еден негов соработник, решавање на едно национално прашање кое стои нерешено веќе 25 години, не треба да се зема со обично мнозинство". Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас заврши со консултациите со политичките партии во земјата. Тој детално информираше за текот на преговорите меѓу властите во Скопје и Атина.

На 12-ти април се очекува нов состанок меѓу македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас кој ќе се одржи во Охрид, во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки