05 Декември, 2025
0.0323

CNN бесни што САД се „понижени“ во ОН

Објавено во: Анализа 22 Декември, 2017 08:06

Добивај вести на Viber

CNN мрежата е добро познато дека води уредувачка политика против Доналд Трамп, но нивниот главен новинар Џејк Тејпер кој дава уреднички коментари и анализи го имаше едно од најчудните обраќања во последно време. 

Тејпер истовремено е разочаран од едностраноста на одлуката на претседателот Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, но истовремено ја покажа американската опседнатост со себеси и верувањето во возвишената морална вредност, дека токму Америка е ветената земја, дека никој во светот не смее да се дрзне да каже збор два за нејзините недостатоци и грешки. 

Тејпер побесна поради тоа што 128 земји гласаа во Генералното собрание на Обединетите нации против САД и донесоа резолуција прашањето за Ерусалим да се решава во директните преговори меѓу Израел и окупирана Палестина. 

Главниот водител на CNN испомеша баби и жаби и наместо за принципи говореше за тоа кој се па фактор држави како Венецуела, Сирија, Турција, Кина и останатите да ја осудат САД за својата несоодветна политика. 

На вчерашната расправа на Генералното собрание на ОН воопшто не се разговараше за човекови права и демократија како омилени наметнати и исфорсирани американски теми кои се дел од нивната неизбежна надворешна од Господ пратена мисија како што за себе веруваат при настапите во надворешната политика, додека сите други земји како да се создадени вчера и се водени од неписмени дивјаци кои немаат демократски капацитети.

CNN речиси и да немаше критички став кон непотребниот потег на претседателот Трамп кој го наруши мировниот процес во Израел и евентуалното решение за две држави со Палестина го одложи за десетина години, но затоа на Тејпер му е побитно да каже дека ете Јемен е проблемот што на Генералното собрание дале критики кон САД што е еднакво на богохулие и смртен грев.


Да потсетиме дека зад САД застанаа само 8 земји во светот вклучувајќи го и Израел, 35 се воздржаа од гласање, додека пак Македонија даде поддршка за резолуцијата со која треба да се почитуваат претходните одлуки за решавање на прашањето за Ерусалим, односно против американското вето во Советот за безбедност заедно со речиси сите земји членки на ЕУ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени