„Coca-Cola“ и „WWF“ си поставија смели еколошки цели
Објавено во: Стил 10 Јули, 2013 12:37
Компанијата „Coca-Cola“ продолжува да го унапредува својот одржлив развој, поставувајќи си нови, смели еколошки цели, преку обновеното партнерство со „World Wildlife Fund“ (WWF) и „WWF International“.
Овие амбициозни цели, кои ги надополнуваат останатите заложби на Coca-Cola за општествена благосостојба, се фокусираат на одржливо управување со вода, енергија и употреба на амбалажа за пакување, како и одржлива набавка на земјоделски состојки до 2020 година.
„Ние во Coca-Cola сме длабоко посветени, преку соработка со партнерите, да се соочиме со нашите колективни предизвици во врска со животната средина и одговорно да управуваме со глобалните ресурси“, рече Мухтар Кент, претседател и главен извршен директор на „Coca-Cola“. „Соочувајќи се со глобалното намалување на ресурсите и растечката побарувачка за храна и вода, мора да бараме решенија кои носат взаемна корист за бизнисот, заедниците и природата“, заклучи Кент.
Од 2007 година, „Coca-Cola“ и „WWF“ работеа заедно на зачувување и заштита на слатководните ресурси во целиот свет и на подобрување на ефикасноста на операциите на Coca-Cola.
„Сведоци сме на невидена побарувачка за природни ресурси во целиот свет. Ако продолжиме по старите теркови се става под ризик, вклучувајќи ја и одржливоста на бизнисот,“ изјави Картер Робертс, претседател и извршен директор на „WWF“. „Овие проблеми може да се решат само со заедничка работа, а нашата работа со „Coca-Cola“ покажа дека соработката може да го засили и забрза влијанието што ни треба“.
Во рамки на обновеното и проширеното партнерство, „WWF“ ќе ја поддржи „Coca-Cola“ во остварување на новите цели за одржливост на животната средина до 2020 година, кои вклучуваат:
1. Подобрување на ефикасноста при користење на водата за 25%. Оваа цел се надградува на веќе подобрената ефикасност во користењето на водата во производството од 21,4% постигната во периодот од 2004 до 2012 година.
2. Поддршка во обезбедување здрави и одржливи слатководни системи.
„Coca-Cola“ и „WWF“ ќе ги прошират своите заеднички напори за заштита на 11 региони на пет континенти, вклучувајќи ги речните сливови на Амазон, Рио Гранде, Замбези, сливот на Големиот корален гребен и др.
3. Намалување на емисиите на CO2 за 25%. „Coca-Cola“ ќе работи на намалување на испуштањето т.н. стакленички гасови во целокупниот производствен синџир.
4. Одговорно набавување на суровини за својата амбалажа. Ова ќе и овозможи на „Coca-Cola“ компанијата да ја оствари својата цел да користи до 30% растителнa суровина за сите свои ПЕТ пластични шишиња до 2020 година.
5. Одржлива набавка на клучните земјоделски состојки. „Coca-Cola“ ќе работи на одржлива набавка на клучните состојки, вклучувајќи шеќерна трска, шеќерна репка, пченка, портокал, манго, лимон, грозје, јаболко, чај, кафе и други земјоделски состојки неопходни за производство во целиот Coca-Cola систем.
Покрај целите поддржани од партнерството со „WWF“, „Coca-Cola“ ги потврди и разви своите цели за надоместување на водата и поврат на пакувањата. Овие цели вклучуваат:
6. Надоместување на 100% од употребената вода. „Coca-Cola“ ќе ја врати третираната вода од своите производствени процеси назад во природата и ќе ја надомести водата која се користи во готовите пијалаци преку продолжување на тековните проекти во повеќе од 100 земји.
7. Достигнување на стапката од 75% поврат на шишиња и лименки. Компанијата ќе продолжи да ја намалува количината на материјал и енергијата која се користи при пакување и ќе продолжи да работи со индустријата и локалните организации за да воспостави основни информации и да го зголеми повратот и рециклирањето на амбалажата на пазарите во земјите во развој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





