ЦРН ДЕН: Најголем број заразени за 24 часа од почетокот на пандемијата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Мај, 2020
Во светот вчера имаше најмногу заразени во еден ден од избивањето на пандемијата со Ковид - 19.
Регистрирани се повеќе од 106.000 нови случаи на зараза со коронавирусот.
Бројките ги соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус.
Тој додаде дека скоро две третини од тие случаи се регистрирани во четири држави.
Гебрејесус вели дека крајот на пандемијата нема да дојде брзо.
Во светот има повеќе од пет милиони заразени, со 326.000 смртни случаи. Целосно оздравеле речиси два милиони заболени.
Вирусот лани се појави во Кина, а потоа се прошири на сите континенти.Во Кина главното жариште беше градот Вухан.
Овој град и официјално забрани јадење диви животни. Вухан ќе стане „резерват за диви животни“, така што ќе биде забрането ловење на диви животни, со исклучок за „научни истражувања, регулирање на популацијата на одредени видови, следење на епидемиолошки болести и други специјални околности“.Ќе има истрага за пандемијата со Ковид - 19. Членките на Светската здравствена организација, донесоа резолуција за независна проценка за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.