17 Декември, 2025
0.0683

Црногорците организираат маратон во лежење

Објавено во: Балкан 30 Јули, 2014 18:28

Добивај вести на Viber

„Лежи лебу да те јадам, крени се ќебе да легнам“ - Оваа „химна“ на Црногорците која преку шали се провлекува како дел од нивниот менталитет ќе се слушне под небо на етно-селото „Монтенегро“ во Брезни кај Плужин на 3 август на традиционалната „олимпијада во лежење“ под сенките на стогодишните дабови дрвја.

Најдобрите и најупорните одмарачи во лежечка положба и оваа година ќе се натпреваруваат за титулата првак на Црна Гора. Победникот во оваа единствена дисциплина го чека премија од 300 евра, 100 повеќе од минатогодишниот шампионат.

Црногорската олимпијада покрај „џабелебарошите“ како што ги нарекуваат тамошните медиуми, ќе се натпреваруваат и во брзо пишување на пораки и „црногорскиот маратон“ од „дури“ 50 метри, пишува Вјести.

Олимпијадата која е закажана за 3 август, започнува со изложба на фотографии на Добрислава Бајовиќ под името: „Каде можеме да одмараме во дебела ладовина и пивски крај“.

После тоа главниот збор го превземаат натпреварувачите. Што се однесува до натпреварувачите правилата се исти како и претходните две години и се е дозволено освен станување.

Еден од сопствениците на етно-селото Милонија Благојевиќ, која митот за мрзеливоста ја претворила во туристичка манифестација, се надева дека  оваа година натпреварувачите ќе бидат уште поупорни и дека ќе го соборат минатогодишниот рекорд, а наградата за повеќечасовно лежење, покрај пехарот се и 300 евра.

„Со оваа симпатична манифестација Црна Гора ја претставуваме како земја чиј народ има смисла за хумор. Настанот ја претставува нашата земја на оригинален начин и влијае на тоа луѓето да слушнат за Црна Гора и да не посетат“ рекол организаторот.

 „Маратонецот“ кој прв ќе стаса на челта после истрчани 50 метри ќе добие 50 евра, а толку е предвидено и за победникот на омилената „дисциплина“ на младите пишување пораки. Тука се и пехарите и адекватните медали.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни