Д-р. Беќаровски: И по прележувањето на ковид можете да бидете трансмитер на заразата
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2021 12:42
Токсикологот,
проф.д-р. Нико Беќаровски во неговиот последен пост на Фејсбук појаснува дека дури
и оние кои го прележале вирусот и кои успешно се избориле со болеста, може да
бидат и понатаму трансмитери, заради што придржувањето кон актуелните мерки е
од исклучителна важност.
Многумина прележани од Covid-19 ми го поставија следново прашање :
"Дали може по контакт со заболен, прележаните од Covid-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот??"
Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос. Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.
ТОКМУ ЗАТОА и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите.
Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




