Д-р Беќаровски: Престанете да го критикувате системот, и во Словенија и Франција има голем број починати
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020
Д-р Нико Беќаровски реагираше на социјалните мрежи по критиките упатени кон македонскиот здравствен систем како виновен за големиот број на смртни случаи на дневна основа од компликации предизвикани од Ковид-10.
Директорот на Универзитетската клиниката за токсикологија вели дека голем број на починати имало и во земји кои имаат далеку подобар здравствен систем од македонскиот.
„Во Словенија последниве 24 часа починаа 19 пациенти болни од Covid-19. Во Франција во последните 24 часа починаа 298 пациенти болни од Covid-19. И двете држави имаат меѓу најдобрите здравствени системи во светот и пристап кон најдобрите лекови. Затоа престанете само да го критикувате македонскиот здравствен систем, туку бидете крајно одговорни и совесни. Ќе критикуваме и анализираме, кога сето ова ќе замине“, напиша Беќаровски.