23 Ноември, 2024
0.0307

Да бидам со Бобо и Ада повеќе, Бугарија да ја потврди желбата за добрососедство: Шекеринска отворено за Фактор

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Радмила Шекеринска е министер за одбрана и е меѓу најмоќните политичари во земјава. Македонија во 2020, година исклучително тешка поради пандемијата на коронавирусот, стана полноправна членка на НАТО. „После речиси 30 години маратон во кој понекогаш губевме надеж и здив, успеавме да стигнеме до целта и да покажеме конкретен резултат, вели министерката. За следната година очекува уште подобри резултати од спроведените реформи, а приватно освен добро здравје посакува да биде повеќе со сопругот и ќерката, помалку на телефон или на зум.

Светот е обединет во една желба за 2021 година – а тоа е да го зачуваме здравјето и да ја оставиме пандемијата зад нас. Тоа е и мојата желба, за да можеме сами да си ја „сработиме среќата“ во следната година.

Ќе ја паметам 2020 година како година во која жнееш тоа што си посеал. 

За одбраната и за мене лично, ова беше година во која ги забележавме најголемите успеси.

Во месецот кога стана јасно дека ниту една земја на планетата нема да биде поштедена од пандемијата, го спечаливме нашиот првиот голем успех како држава - станавме полноправна членка на најмоќната воено политичка Алијанса НАТО. После речиси 30 години маратон во кој понекогаш губевме надеж и здив, успеавме да стигнеме до целта и да покажеме конкретен резултат. Мислам дека сите ние со многу емоции и задоволство гледавме како се подига македонското знаме пред седиштето на НАТО, свесни дека стануваме посилни и посигурни како дел од сојузот кој обединува 2 континента, 30 земји членки и речиси една милијарда луѓе.

Истава 2020 година станавме домаќин и на Бригадата на Југоисточна Европа која сега е сместена во нашата касарна во Куманово. Покажавме дека плановите можат да функционираат и во услови на пандемија и дека Северна Македонија вложува во регионалната соработка, не само како учесник туку и како фактор.

Три години вложувавме во транспарентност, во отворен однос со медиумите, здруженијата на граѓани, академската заедница и граѓаните. И, во 2020 година, резултатот се виде. Министерството за одбрана изби на  првото место за активна транспарентност пред сите институции во државатаСкок за цели 45 места!

Не „игравме“ само во домашна лига. Добивме и меѓународно признание за чисто и чесно работење без простор за корупцијаТранспаренси интернешанал ја рангира Северна Македонија на високото второ место во централна и источна Европа, според интегритетот на работењето во одбраната. Пред 4 земји членки на ЕУ и пред 6 земји членки на НАТО.

Од 2021 посакувам исто така да го добиеме она што ќе го вложиме во неа – јас очекувам уште подобри резултати од амбициозниот погон на реформи во кој е поставено министерството за одбрана.

2021 ја почнуваме со нови повисоки стандарди за работење. Ќе го завршиме процесот на целосна оперативна интеграција во НАТО, ќе ја зацврстиме нашата улога на значаен фактор на безбедноста во регионот и доверлив НАТО сојузник, ќе го отвориме Центарот за поддршка на домашни компании при настап на НАТО тендери, ќе ја реализираме НАТО вежбата Одлучен удар со над 2000 сојузнички војници. Ако го дозволи тоа пандемијата, ќе бидеме домаќини на најголемата годишна комуникациска НАТО конференција на која 500 експерти за комуникации од сите земји членки на НАТО во Скопје ќе ги градат плановите за комуникацијата на НАТО со јавноста, за борбата со лажните вести. Продолжуваме со модернизација на Армијата, со реновирање на касарните, остануваме максимално отворени кон медиумите и граѓаните. 

Очекувам Европската Унија да ја повтори доследноста на НАТО и да го вреднува пробивот на европските вредности со отворени врати за Северна Македонија. Посакувам соседна Бугарија да ја потврди желбата за добрососедство и меѓусебно почитување со отстранување на блокадата за нас.

И на личен план – се враќам на основните работи: да бидеме живи и здрави, да бидам со Бобо и Ада почесто, а со телефон или на зум помалку. Да можам почесто и без страв да ги гледам моите родители. Да знам да ја поддржам ќерка ми да биде задоволна, исполнета, самостојна и вредна. Да знае дека изборот во животот никогаш не е играње или учење, љубов или работа, туку и играње и учење и љубов и работа. 

Ми изгледаше многу „бапски“ кога мајка ми ќе ми одговореше „ајде ќе видиме, здравје“... сега признавам, 2020 година глобално ни порача дека старите мудрости секогаш важат, вели Шекеринска за Фактор.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР