„ДА ГИ ОБЈАВАТ ПРИЛИВИТЕ НА ЛИЧНАТА СМЕТКА НА ЗАЕВИ. АКО СМЕАТ“: Мојсоска тврди Власта ги следи опозициските пратеници
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2025 09:22
Епа честитки, режимот на ДПМНЕ официјално потврди дека НЕОВЛАСТЕНО се следи опозицијата!
Бројлеров на Кондрад Аденауер - Валентин Манасиевски излегол на прес во очај да ја скандализира ПЛАТАТА која сум ја добивала како вработена за вршење сметководство на Левица! Манасиевски, инаку е вработен во кабинетот на Муцунски и во работно време држи очајни пресови против Левица, ама тоа не е ни тема.
Ова го објави пратеничката од редовите на опозициската политичка партија Левица, Јована Мојсоска, која е и кандидат за градоначалник на Струга, и посочи дека со пресконференцијата на владејачката партија се докажал преседан во државата.
- За разлика од ДПМНЕ, кое има над 20 вработени на плата само за да штанцаат ботовски коментари, Левица имаше ЕДНО вработено лице и тоа бев јас. И можам да им се понудам на Белата палата да им го работам сметководсвото (за нешо над минимална плата), затоа што сите ревизорски извештаи за финансиите на Левица се ЦЕЛОСНО УСОГЛАСЕНИ со законската регулатива.
Баш заради ваквите паразити што цицаат плата од десет места, кога аплицирав за работа со 9.4 просек во нивното време на мијалковизмот, не ни бев викната на интервју - пошо за мене немаше место во нивните партизирани институции.
И најбитното, ова е ПРЕСЕДАН каде се врши неовластен упад во лични сметки, без индиции за сторено кривично дело! Додека Мицко плаче дека бил следен, неговите контиња мавтаат со податоци за лични трансакции, кои ги добиле незаконски и неовластено и кои можат да се добијат само доколку јас сум била под посебни-истражни мерки за следење (доколку има индиции за сторено кривично дело)! - нагласува Мојсоска.
Потоа го повика Мицкоски и неговиот „другар од УЈП" , како што се следат личните трансакции на пратеници на Левица, да ги видат на фамилијата Заеви.
- Наредно да ги објават приливите на ЛИЧНАТА СМЕТКА НА ЗАЕВИ. Ако смеат нормално. Во нормална држава, власта да излегува со податоци добиени од следење на опозиција каде нема кривично дело, тоа ќе беше скандал. Ама вмроидното владеење изгради менталитет на ширење страв, закани, уцени и најропачки манипулации и затоа денес имаме режим кој на пресови се фали дека се следи опозиција.
П.С. Не бараме милост од вас, ниту ќе добиете милост кога ќе дојде нашето време - истакнува Мојсоска.
Претходно ВМРО - ДПМНЕ објавија „Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови“.
- Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади денари.
Додека во Собрание Мојсоска ги напаѓа и обвинува колегите пратеници зошто законски добиваат патни трошоци, таа од 2021 година до денес, од својата партија зела стотици илјади денари.
Ова лицемерие на Мојсоска и Левица, кога едно зборуваат а друго прават, е целосно разоткриено и демаскирано - се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа додаваат дека „народот виде дека додека во јавност продаваат скромност и неподмитливост, зад нивниот грб, со пари на граѓаните, ги полнат сопствените џебови“.
- Тука се јавуваат и други дилеми, како на пример врз кој основ Мојсоска ги добила овие пари и дали тоа се партиски патни трошоци?
Мојсоска и Левица до толку ли може да бидат лицемерни, од една страна да ги напаѓаат колегите пратеници, а од другата страна, од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?
Левица, Мојсоска и останатите од партискиот врв се прочитани и демаскирани. Народот виде дека се обични профитери загрижени, единствено, за сопствените џебови - се потенцира во нивното соопштение.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




